НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада – Скандали, задолжувања и скршнување од ЕУ

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред да дојде на власт, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Сепак, пензионерите оваа есен ќе добијат само половина од ветената сума, односно поголеми пензии за 2.500 денари.

Но, за разлика од нив, вработените во одредени сектори нема да добијат ниту денар покачување иако тоа претходно беше предвидено.

Изминуваат првите 100 дена од мандатот на новата влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, откако убедливо победија на изборите на 8 мај.

Очекувањата од новата влада беа големи кај граѓаните затоа што му дадоа широка поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и сериозно го казнија СДСМ кој ја водеше државата последните седум години.

По истекот на првите сто дена, граѓаните сепак, немаат многу простор за задоволство.

Во првите сто денови новите властодршци многу повеќе зборуваа за тоа каква состојба наследиле отколку што реално преземаа чекори кои беа ветени во нивната програма.

Неколку скандали уште во првиот месец

Веќе во првите недели од мандатот на новата влада се случија неколку персонални, но и институционални скандали.

Прв од нив беше патувањето на Самитот на НАТО во САД, каде се откри дека патувале и лица кои не би требало да присуствуваат таму, а биле набавувани и скапи карти за економска класа, нешто што премиерот се обиде да го оправда со негов здравствен проблем со колената.

Потоа следуваше каубојското однесување на скопскиот аеродром каде во меѓународен скандал со косовската претседателка се вмеша и обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Набрзо потоа Гаши направи уште еден скандал кога со службено возило и без проверка на граница замина на свадба во Косово.

Во исто време се случи и Блерим Рамадани, кој беше баран со потерница од Србија, да избега од куќен притвор.

Заемот од Унгарија, половично зголемување на пензиите и нула денари покачување за вработените во образованието

На економски план Владата експресно се задолжи кај Република Унгарија со заем од 250 милиони евра.

Од нив, 100 милиони ќе им се доделат на општините за реализација на проекти, а другите ќе се пласираат како заеми кон стопанството.

Опозицијата, стручната јавност го критикуваат ова задолжување за кое сметаат дека е вонинституционално.

Пред да дојде на власт, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Сепак, пензионерите оваа есен ќе добијат само половина од ветената сума, односно поголеми пензии за 2.500 денари.

Но, за разлика од нив, вработените во одредени сектори нема да добијат ниту денар покачување иако тоа претходно беше предвидено.

Таква е состојбата со вработените во основното и средното образование кои по изборите согласно законските рамки требаше да добијат покачување на платите од 12 проценти.

Но оваа есен за нив нема да има зголемување, а следното според најавите треба да го очекуваат на пролет идната година.

Албанија се одвои, патот кон ЕУ на Македонија ѝ се затвори

Официјален Брисел донесе одлука да го раздвои патот на Македонија и Албанија кон членство во ЕУ.

Тоа значи дека оваа есен Албанија ќе продолжи со втората фаза на преговори, додека за Македонија патот ќе биде затворен се до исполнување на условите од Преговарачката рамка и внесување на Бугарите во Уставот.

Судејќи по првите реакции на премиерот Мицкоски и неговата „благодарност“ до ЕУ, тешко дека во брзо време тој пат ќе се отвори.

Фрагментирана политичка сцена

Составот на новата Влада каде покрај ВМРО-ДПМНЕ учествуваат и коалицијата Вреди и партијата ЗНАМ ја фрагментираше политичката сцена во Македонија.

Од потезите и изјавите се добива впечаток дека и во Владата и надвор од неа е секој против секого.

ЗНАМ и Вреди одамна се „на нож“ а алабнскиот коалициски партнер ги испрати првите знаци на условување кон ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за бранители.

Во опозицијата, Левица делува индивидуално, СДСМ и ДУИ речиси и да немаат соработка, додека многумина предвидуваат брз прелет на „интегративците“ во владиното јато.

Но, јасно е дека медениот месец на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ помина, па отсега ги очекуваат нови сериозни предизвици, а од тоа како ќе ги менаџираат сите прашања, ќе зависи и дали ќе се случат промени во владејачката коалиција.

Текстот е сопственост на 24инфо.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.