Знам една фраза што ја употребувате тука – „на овој изгледа му одлетала чавката (умот)“, и ако ти тоа ме прашуваш, да си фатам јас патот за назат дури е време, а ти да си побараш помош од стручни лица, а?, му одговорил Орбан.
РИБАРО
Да не ја виде некој чавката моја каде одлета?, прашал премиерот на Нашата земја, Христијан Мицкоски, одма после неговата изјава во која ја испокара ЕУ и ѝ посака добар пат на Албанија. Мицкоски уште и напомна дека не е се изгубено и како што рече „можеби некогаш ќе ни се сретнат траекториите со Албанија на патот кон ЕУ“.
Како што дознава екипата на АХА, премиерот го повторувал тоа („Каде ми одлета чавката?“), и за време на разговорот со Орбан во Охрид.
Друже, да нè случајно по пат виде каде ми одлета чавката?, го прашал Мицкоски, Орбан, за време на работниот ручек.
Види брат, отсекогаш ти ми беше малку чуден, ама Грујо ме убедуваше дека ни си толку забеган. Знам една фраза што ја употребувате тука – „на овој изгледа му одлетала чавката (умот)“, и ако ти тоа ме прашуваш, да си фатам јас патот за назат дури е време, а ти да си побараш помош од стручни лица, а?, му одговорил Орбан.
Значи и ти не ја виде? Ах… каде ќе ја барам, возвратил Мицкоски и продолжил со потрагата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк.