Цветко Димитрев цел живот бил крводарител. Сега кога е во пензија, стар и болен државата не му ги признава бенефициите. Овој осудесетгодишен човек три пати е опериран од рак и мора да плаќа при лекувањето иако крвдарителите имаат посебни бенефиции бидејќи со својата крв спасуваат туѓи животи.
Печатот во здравствената легитимација е доволен доказ дека некогаш дарувал крв, стои на веб страната од фондот за здравствено осигурување. Сепак, овој старец беше одбиен од шалтерските службеници каде што чекаше со часови.
Службениците му барале да покаже посебна благодарница од надлежните како доказ дека некогаш дарувал крв. Овој тешко болен човек си замина дома, разочаран од државата што заборавила на него сега кога му е најпотребно.