НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада / Соња Танеска: Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со продлабодувањето на буџетскиот дефицит со ребалансот на буџетот од 3,4% на 4,9%, притисокот врз задолжувањето се зголемува. Тоа е спротивно на заложбите за фискална консолидација, но и кршење на фискалните правила поставени во Законот за буџети.

Соња Танеска, новинарка и експертка за економски прашања, во изјава за ЦивилМедиа оценува дека првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики, почнувајќи од најавената „есенска кошничка“ до „неодговорните задолжувања“.

Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од -МРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики. И покрај навестувањата за ‘есенска кошница’, цените на основните производи речиси и да не претрпеа значајни корекции. Дополнително, неодговорните задолжувања преку унгарски кредити и државни обврзници го продлабочуваат долгот, без да се спроведат суштински реформи за подобрување на економската стабилност, изјави Танеска за ЦивилМедиа.

Според нашата соговорничка, социјалните мерки имаат популистички карактер и „претставуваат сериозен фискален ризик“.

Популистичките мерки за зголемување на пензиите, иако краткорочно популарни, претставуваат сериозен фискален ризик и ќе предизвикаат големи дефицити во државниот буџет во случајот над 200 милиони евра. Во меѓувреме, нема никаква најава за законски измени кои би ја подобриле наплатата на придонесите, а недостасуваат средства за раст на платите. Ова е особено загрижувачки во контекст на соседните земји, каде што забележуваме континуиран раст и на минималните и на просечните плати, анализира Танеска.

Понатаму, Танеска го анализира и јавниот долг и буџетскиот дефицит по ребалансот на буџетот со решенија „спротивни на заложбите за фискална консолидација“.

Согласно последните податоци, за вториот квартал јавниот долг е на ниво од 60.5%, што го надминува фискалното правило од јавен долг под 60 % од БДП. Дополнително, со продлабодувањето на буџетскиот дефицит со ребалансот на буџетот од 3,4% на 4,9%, притисокот врз задолжувањето се зголемува. Тоа е спротивно на заложбите за фискална консолидација, но и кршење на фискалните правила поставени во Законот за буџети, алармира Танеска.

Алармантна е и оценката на Танеска во контекст на финансиската поддршка за земјата од ЕУ, што е последица од стопирањето на проектите поврзани со Коридорот 8, како и други аспекти на прашањето за инвестициите и економскиот раст, како и перспективите по одвојувањето на Албанија од Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите.

Истовремено, постои сериозна опасност Македонија да изгуби финансиска поддршка за над 120 ЕУ проекти, како резултат на стопирањето на Коридорот 8, кој е од витална стратешка важност за државата. Владата, пак, го фаворизира Коридорот 10, што е од поголем интерес за Унгарија и Кина, со цел подобра поврзаност со грчките пристаништа под кинеска контрола. Дополнително, промовираните инвестиции всушност се наследени од претходната влада, а без нови инвестиции на економски раст, а ќе ги има се помалку бидејќи во моментот Албанија ќе стане поатрактивна земја за започнување бизнис поради отворањето на поглавјата, новата Влада ја загрозува и иднината на македонската економија, оценува Танеска во изјавата за ЦивилМедиа.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.