Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сто дена паралелна Влада

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2024 15:44

Интересно е дека на партиската журка Вреди се фалеше со владини проекти за кои сака да постигне перцепција дека тие, пред сè, се во корист на Албанците, иако повеќето од проектите се финансирани од Буџетот што го полнат сите граѓани на Македонија и дека Вреди е само еден од партнерите во владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Мариела Трајковска

Иако на Вреди во изминативе 100 дена главно мото ѝ беше да направи разлика од владеењето на ДУИ, албанскиот партнер во извршната власт вчера во „Филхармонија“ во присуство на функционери од Демократското движење, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, Беса и Алтернатива, но без присуство на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, се фалеше со владините резултати досега

Откако на Коалицијата Вреди викендов ѝ поминаа 100 дена од владеењето, утре под слоганот „100 % посветени! За тебе“, премиерот Христијан Мицкоски ќе ја презентира работата во изминатите 100 дена на Владата. Според ова, продолжува паралелизмот, односно функционирањето на „влада во влада“, иако на Вреди во изминативе 100 дена главно мото ѝ беше да направи разлика од владеењето на ДУИ.

Вреди 100-те дена во Владата ги одбележа во објектот на Македонската филхармонија со присуство на функционери од Демократското движење, од Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, Беса и Алтернатива, без присуство на најголемиот носител на власта ВМРО-ДПМНЕ и владиниот партнер ЗНАМ.
Премиерот Мицкоски, по повод „100 дена нова Влада“ ќе одржи прес-конференција на Илинденска бр. 2, на која ќе ја презентира работата, проектите и мерките што досега се спроведени. Зад Мицкоски ќе бидат сите министри, односно и тие од Вреди и од владиниот партнер ЗНАМ.

За одвоениот рекапитулар на досега сработеното во организација на Вреди, од Владата за „Слободен печат“ велат дека така одлучил владиниот партнер.

– Премиерот Мицкоски утре ќе даде отчет од „100 дена Влада“ и тој има со што да се пофали – ни рекоа од Владата.

Од Вреди, пак, не гледаат ништо лошо во етничкото одбележување на стоте дена владеење и велат дека заеднички ќе реферираат за сработеното. Не коментираат дека со тоа праќаат порака дека дејствуваат како „влада во влада“ и дека не се разликуваат од тоа како ДУИ ја практикуваше власта, чии министри отчет даваа само на лидерот Али Ахмети наместо на премиерот.
Од ЗНАМ велат дека се дел од владината коалиција и дека отчетот за сработеното ќе биде во Владата.

Координации еднаш неделно

Со паралелизам во владеењето, Вреди се истакна веднаш откако нејзините функционери седнаа на министерските и на директорските фотелји и еднаш неделно во Владата одржуваат координации само со функционери од својата коалиција, предводени од првиот вицепремиер Изет Меџити, а во негово отсуство состаноците ги координира вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. За одделните координации на министрите Албанци, на кои редовно е истакнато само албанското знаме, тие сами се фалат преку фотографии на социјалните мрежи. Сега се истрчаа како коалицијата Вреди и повторно сами одбележаа „100 дена Влада“.

Од говорите на функционерите и на лидерите на Вреди во Филхармонија, впечатливо е дека акцент ставија на проектите, од кои, според нив, корист имаат, пред сè, граѓаните Албанци, а критиките за опструкција ги адресираа на „деструктивната опозиција“.

Фетаи го отвори настанот со зборовите дека Вреди две децении била долгоочекуваното чудо и дека промената е главниот збор на тоа што го направиле заедно. Тој истакна дека средбата има за цел да означи ново поглавје во нивната историја како народ. Фетаи го цитираше Нелсон Мандела:

– Никогаш не можеш да имаш влијание врз општеството ако не се промениш самиот… Големите политичари се луѓе со интегритет, чест, но и понизност.

Тој ги наброја достигнувањата во тримесечното владеење.

– Со инвестиција од 100 милиони евра во општините до крајот на годината нашите населени места ќе ги трансформираме во погодни средини за живеење. Ги покачивме пензиите за 5.000 денари, ги донесовме првите резултати во борбата против коцкањето, обезбедивме 600 вработувања за лекари специјалисти, 300 годинава и 300 за следната година. Ја инициравме албанската академија за науки. Таа дише и расте секој ден – порача Фетаи.

Меџити, пак, критикува дека во првите 100 дена се соочиле со деструктивна опозиција.

–Воедно, отвори некои работи од минатото што не ги затвори како што треба, како што се законот за јазици, балансерот, Бадентер… Имаа доволно време, осум години, да ги решат, но не ги решија и сега злоупотребуваат и судска власт за дневна политика. За жал, ги инструментализираат за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност. Ние, и покрај ова, бевме секојдневно посветени на нашето ветување и програма – изјави Меџити.

Тој истакна дека евроинтеграцискиот процес и условот што земјава треба да го исполни за негово продолжување беше, е и ќе остане еден од клучните приоритети на Владата.

– Во овие 100 дена, исто така, имаше одлука на Владата и за 35 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“. Од сите 80 општини веќе има апликации за проекти за конкретни решенија за проблеми со кои се соочуваат граѓаните, ќе се доделат 100 милиони евра оваа година – рече Меџити.

Тој додаде дека се лидери во Владата, а не во партиските канцеларии.

– Времето кога лидерите стоеја настрана од одговорноста за владините политики заврши. Сега, секој ден сме во нашите канцеларии решавајќи ги проблемите на граѓаните – рече Меџити.

Од Вреди порачаа дека следува институционална борба за санкционирање на сите девијантни појави на минатата влада и остануваат цврсто посветени на изградба на посветла иднина за сите Албанци во земјава.

Видеообраќање на Таравари од САД

И Таравари преку видеообраќање од САД порача дека по доаѓањето на Вреди на власт, Албанците се слободни.

– Пред 100 дена почна нова ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде што ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина. Заедно, ја градиме оваа иднина! Иднина во која моќта лежи во рацете на народот, а не во џебовите на корумпираните. Во овој период од 100 дена, владеењето на коалицијата Вреди докажа дека и во Северна Македонија може поинаку да се владее, на народот може да му се служи без скандали, со чест и достоинство, а не за лични и групни интереси – рече Таравари.

Интересно е дека на партиската журка Вреди се фалеше со владини проекти за кои сака да постигне перцепција дека тие, пред сè, се во корист на Албанците, иако повеќето од проектите се финансирани од Буџетот што го полнат сите граѓани на Македонија и дека Вреди е само еден од партнерите во владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Вреди, кој толку инсистира на тоа дека владее поинаку од ДУИ и дека не сака дури ни да ја споредуваат со партијата на Ахмети, не се одлепи од етничкиот дискурс, затоа што Владата е една и пофалбите и критиките од владеењето одат на конто на премиерот и на сите министри, без разлика на етничката припадност.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.