НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада / Енес Ибрахим: Новата влада не донесе ништо позитивно за граѓаните ниту за иднината на државата

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова.

Енес Ибрахим  е Претседател на Партијата за Движење на Турците во Македонија, ТХП, во изјава за „Фронтлајн“, зборувајќи за првите 100 дена од коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ вели дека тие не донесоа ништо позитивно за граѓаните, ниту за иднината на државата.

Првите 100 дена од новата влада, за жал, не донесоа ништо позитивно за граѓаните, ниту за иднината на државата. За време на предизборната кампања, Мицковски ветуваше многу, играјќи на популистичката карта и злоупотребувајќи го националниот сентимент на граѓаните. Веќе во првите 100 дена сме сведоци дека новата влада не само што нема да се обиде да го „врати“ името, туку и отворено го користи уставното име на државата. Покрај етничките Македонци, сметам дека и етничките Турци се изиграни и запоставени, бидејќи немаат претставници на ниту едно ниво во извршната власт, изјави Ибрахим за „Фронтлајн“.

Исто така, додава нашиот соговорник, големо разочарување е што во првите 100 дена односите со соседните земји драстично се нарушија, а основната стратешка цел – членството во ЕУ – станува сè подалечна.

Очигледно е дека новата влада нема никакви европски аспирации, и повторно се враќаме на изолација која може скапо да нè чини. Загрижувачки е што агресивната реторика на претставниците на власта создава етничка нетрпеливост и тензии, кои дополнително ја загрозуваат стабилноста и кохезијата на нашето општество, подвлече тој.

Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите 3 месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова.

Нема сигнали дека истите можат да се направат. ЕУ одлучи да отвори преговарачки кластери само со Албанија, додека за условите дадени на Северна Македонија, Мицкоски рече НЕ, благодарам, продолжувајќи да не го прифаќа договорот со Бугарија, а излегоа и со идеја за „француската предлог плус“. Од друга страна, непочитувањето на уставното име Северна Македонија, неколку пати го изнервира јужниот сосед Грција.

Откако беше формирана оваа Влада, Европскиот фронт го оспори легитимитетот на ВРЕДИ, бидејќи тие влегоа во Владата иако имаа помалку пратеници од нив. Но, алибито на ВРЕДИ за ова беше дека тие се единствената албанска опција.

Текстот е сопственост на Фронтлај.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.