НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема правда, има мир!

0
By Zoran Ivanov on October 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во меѓувреме како интермецо, пушти некој да бара химна, наша, ваша, некој не сака северна, на некој  еден манаки му е малку, на друг двајца му се многу. Оваа поларизација е “ветената земја” за опстанок на крлежите.

Ана Василевска

Оваа држава од самиот почеток во поновата нејзина историја се однесува како непријател со граѓаните. Непријател, кој толку долго го измачуваш што мора да капитулира. Таков капитулиран народ е сон на секоја власт, аморфна маса која веќе не се потресува на ништо.

Правдата тука е како златна рипка што ги исполнува желбите на кримосите:

Прва желба, да не одам во затвор? –

Може. Втора желба, да ме наградат со државна фунција. -Може. И трета желба, никој да не ме памти како кримос, туку како угледен граѓанин и господин/дама? –

Може.

Во меѓувреме како интермецо, пушти некој да бара химна, наша, ваша, некој не сака северна, на некој  еден манаки му е малку, на друг двајца му се многу. Оваа поларизација е “ветената земја” за опстанок на крлежите.

Утринска голгота по скопските улици низ нешто што се нарекува сообраќај, и во долгите колони возила на деца наместо за знаменитости, им ја покажуваш на пример онаа несреќна зграда во Кисела вода, која си стои како споменик за измама на продажба на станови на по сто сопственици, им го покажуваш тој урбанистички масакр во истата и во други населби, подоле некаде го вперуваш прстот кон епската кражба на граѓаните со барокниот стиропор и антиквизацијата на нешто што требаше да биде модерна метропола, и така измачен од овој визуелен атак, и звучен секако (сите пцујат и свират во кола), детето те прашува на пример, зошто не може да се префрли во друго училиште?

И му викаш, такви се правилата, не може на кој како ќе му текне да прави! Упссс, јас едноставно не можам повеќе да ги лажам, само можам да ги научам да опстанат во битката со “непријателот држава” , да не се претопат во аморфната маса, и добро да запомнат дека “Купен мир и тишина, е пострашно од војна” ( фала Вртев).

Ајде сега малку радост за покачените пензии и намалената цена на паризерот, дека Владата се грижи за нас.

Од Фејзбук ѕидот на авторката.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.