Портпаролот на израелската армија – ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави Тајмс оф Израел.
Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата.
За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата, изјави Хагари.
Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме информации за евентуални жртви, додава тој, но вој напад ќе има последици. Имаме планови и ќе оперираме на место и во време за кое ние ќе одлучиме – изјави портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари.