НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој не ја создава судбината- ќе ја трпи!

0
By Marija Todorovska on October 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Далеку од тоа дека гледаме во верата некое “достоинство”, ние тука сознаваме знак на одрекување од достоинството на Човекот, од слободата на создавањето која единствено тој ја поседува во целокупното животинско царство- кај што, впрочем, постои само слобода на однесувањето. Со создавањето човекот има моќ да одлучува за својата судбина, а не само да ја поднесува. Само во мерката во која создава Човекот е навистина Човек.

Бранко Тричковски

Човекот кој од мрза или од недостиг на храброст прифаќа одреден систем на готови идеи и му ја подарува својата верба, Човек кој не го задржува, макар во принцип, правото да ги испита и да ги менува, се одрекува од својата исклучителна творечка дарба и се враќа во редот на суштествата кои се поистоветуваат со своето наследство.

Далеку од тоа дека гледаме во верата некое “достоинство”, ние тука сознаваме знак на одрекување од достоинството на Човекот, од слободата на создавањето која единствено тој ја поседува во целокупното животинско царство- кај што, впрочем, постои само слобода на однесувањето. Со создавањето човекот има моќ да одлучува за својата судбина, а не само да ја поднесува. Само во мерката во која создава Човекот е навистина Човек.

Пол Шошир од 1953 година ни помага да сфатиме дека Македонецот со бегството од Европа, ја доведува во прашање не само својата националност, туку и моралниот статус на Човек. Скаменетото разбирање на националноста и националниот интерес, вербата во одреден систем на готови идеи на кој му ја подарува својата верба (вмро), откажувањето од правото и јас би рекол обврската, макар во принцип, да ги испита и да ги менува, не вратија во редот на битијата кои се поистоветуваат со своето наследство, а тоа се во принцип, пониски битија. Со одбивањето да создаваме, сеедно дали е тоа од мрза или од страв, а јас мислам дека е и од мрза и од страв, ние станавме Човеци кои се откажале од битноста на својата човечност. И од своето достоинство. Ние сме вморони односно робови, односно бивша нација која ја однел виорот на историското време удирајки во едрата на вмро-дпмне.

Ја загубивме моќта да ја создаваме својата судбина и сега мораме да ја трпиме.

Од фејсбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.