НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 Дена Влада / Петрит Сарачини: Владата „успеа“ да нè оддалечи од членството во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on October 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Петрит Сарачини, новинар и аналитичар, во изјава за ЦивилМедиа, оцени дека во првите 100 ДЕНА ВЛАДА, нема конкретен напредок во ниту еден од трите приоритети во изборната програма.

За жал, во првите 100 дена новата Владата не оствари конкретен напредок во ниту еден од трите приоритети на нејзината програма – владеењето на правото и борбата против корупцијата, економијата и евроинтеграциите.  Напротив, она што го гледаме е застој и влошување, на речиси сите полиња, оценува Сарачини во изјавата за ЦивилМедиа.

Тој вели дека е загрижувачки тоа што новата Влада нè оддалечи од членството во ЕУ и предизвикува етничка поларизација.

Она што најмногу загрижува е тоа што новата Влада преку својата комуникација и постапки ‘успеа’ да нè оддалечи од членството во ЕУ и да отвори повеќе теми со кои придонесе за продлабочување на етничката поларизација во земјата, како темите за наводна дестабилизација на државата, ‘балансерот’, закон за јазици, итн., изјави Сарачини.

Според нашиот соговорник, власта се обидува да наметне впечаток дека има резултати, но од тоа остануваат само изговори.

Видливо е тоа дека власта се обидува, преку силно медиумско присуство, да наметне впечаток дека има резултати, но во нејзините комуникации најчесто гледаме изговори и оправдувања за неостварување на големите ветувања дадени за време на изборната кампања, обиди вината за неуспесите да се префрли на некој друг, реторика на конфронтација со политичките противници и неистомислениците, недостаток на општествен и јавен дијалог за прашања важни за јавниот интерес и видливо намалување на транспарентноста на институциите, изјави Сарачини за ЦивилМедиа.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.