Тирана: Поранешниот обвинител за тешки кривични дела, Еуген Беци, го коментираше отворањето на канцеларијата на американската ДЕА во Тирана, велејќи дека на тоа била „принудена откако Албанија станала проблем со трговија со дрога“.
Во емисијата „Отворено“ на News24 тој рече дека ДЕА интервенира само кога станува збор за трговијата со кокаин и перење пари, додавајќи дека „албанските криминални организации ја потопија Европа со дрога“.
Трговијата со дрога во Албанија ја принуди ДЕА да отвори канцеларија. Албанија стана проблем и за ДЕА. Ова може да се нарече и неуспех на албанската држава во борбата против кокаинот. ДЕА интервенира само кога станува збор за трговија со кокаин и перење пари, посочи тој.