Венко Филипче: СДСМ ќе иницира затворена седница за Мицкоски да каже кој е планот за евроинтеграциите. ВМРО-ДМНЕ и целокупното владино мнозинство има обврска да кажат како, по тој пат понатаму. Да кажат, ако воопшто имаат план, како ќе продолжиме, имаат ли план во која временска рамка ние ќе го направиме тоа. Размислуваат ли можеби да сме дел од некој друг сојуз, размислуваат ли да не остават да сме слепо црево во Балканот и да не остават да живееме сами, изолирани и без помош. Значи, следува сериозен период во кој ние ќе треба да стоиме во место. Сега има еден план, серозен план, на старо-новата претседателка на Европската комисија, од 2024 до 2029 година серозно да работат со земјите кои што се најнапред во процесот на преговори со прием на пакет земји како Црна Гора, Албанија и Македонија. Но тоа нема да се случи ако не го сработиме тоа што треба. Тоа значи дека не чека сериозна работа во оваа и во 2025 и 2026 година и ако не почнеме сега, сме го пропуштиле тој воз, остануваме со Молдавија, Украина, Босна, Украина.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.