Љубомир Костовски: Дека на Фондот за ПИОМ му се неопходни сериозни реформи укажаа и голем дел од економистите. Според нив, линеарното усогласување на пензиите не е ниту праведно ниту правично решение, бидејќи ќе донесе зголемен дефицит во Фондот за ПИОМ, зголемување на старосната граница за пензионирање и зголемување на придонесот за пензиско осигурување. Во услови на стареење на населението и масовно иселување, на среден рок тие сметаат дека ќе се доведе во прашање и одржливоста на Фондот за ПИОМ бидејќи нема да има работници кои ќе го полнат буџетот, а со тоа и неможност за исплата на пензиите.
Значи, вработените треба да се подготват подоцна да одат во пензија, а сегашните пензионери би требало да ги проверуваат сметките во банка секој месец. Пензиите може да почнат со доцнење, а потоа …
Од досегашните 100 дена на власта единствено може да биде задоволна само – власта. Или само оние кои сметаат дека ја имаат контролата врз неа како, на пример, првиот човек на Стопанската комора или нашите од „црната листа“, оние недопирливите. Засега, сѐ оди според планот. Линк