Венко Филипче: Партијата активно се консолидира по последните избори. Со значителен прилив е на нови членови и со враќање на поранешни поддржувачи на Членството покажува зголемен интерес за активно учество во процесите на избор на претставници на локално ниво и во креирањето на политиките. На состаноците во општинските органозации сега учествуваат двојно повеќе членови отколку претходно и многу членови на ЗНАМ, кои претходно го напуштиле СДСМ, сега се враќаат со желба повторно да придонесат кон работата и развојот на партијата.