Teхеран: Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Тој говореше додека ја водеше петочната молитва во Иран за прв пат по четири години. Во согласност со иранската традиција, тој го одржа својот говор со пушка покрај себе.
Хамнеи додаде дека нападот на 7-ми октомври на Хамас врз Израел, за време на кој Израел соопшти дека околу 1.200 луѓе биле убиени, а 250 биле земени како заложници во Газа,е легитимен чин исто како и нападот на Иран врз земјата оваа недела.
Иран повторно ќе го нападне Израел доколку е потребно. Билијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна, рече Хамнеи.