Тирана: Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја парализира Албанија.
Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри.
Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, приморскиот град Валона е без електрична енергија, како и други делови во земјата.
Поради големите бранови забрането е испловување на сите видови пловни објекти долж целото крајбрежје.