Делови од Јемен денеска беа нападнати од воздух, вклучително и главниот град Сана и аеродромот во Худаида, според ТВ Ал Масира, главната телевизија на движењето Хути што го контрДолира поголемиот дел од Јемен.
Цел на воздушните напади биле и јужниот дел на градот Замар, јавува телевизискиот канал. Телевизијата објави дека американските и британските сили ги извршиле нападите, но извор од британската влада изјави дека Велика Британија не е вклучена.
Американски официјални лица изјавија за Асошиетед прес дека американската војска нападнала голем број цели на Хутите во Јемен. Мета биле системи за оружје, бази и друга опрема што им припаѓа на бунтовниците поддржани од Иран, рече претставникот.
Хутите, проиранска милитантна група, почнаа да напаѓаат меѓународни бродови минатиот ноември во знак на солидарност со Палестинците во Газ