На денешното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи денеска, ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Некои булевари и улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.
Целта на сите трки е на Плоштад Македонија.
Локација за старт на сите трки e Собрание.
Време за старт на сите трки e 08:00 часот.