Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел ќе ја плати цената за своите акции во Газа.
Не треба да заборавиме дека порано или подоцна Израел ќе ја плати цената за овој геноцид кој се случува една година и се уште трае, напиша Ердоган на X.
Како што Хитлер беше запрен од сојузот, Нетанјаху и неговата мрежа на убиства ќе бидат запрени на ист начин. Свет без одговорност за геноцидот во Газа никогаш нема да најде мир, додава Претседателот на Турција.
Тој повика Израел да биде казнет пред меѓународните судови и ги критикуваше западните земји дека го поддржуваат Израел.
Она што беше масакрирано во живо на телевизија пред очите на светот во текот на минатата година е всушност целото човештво, сите надежи на човештвото, пишува тој.
Денес со тага се сеќавам на десетици илјади луѓе кои беа масакрирани од -биствената израелска влада од 7 октомври и изразувам длабоко сочувство до моите уништени браќа и сестри во Газа, Палестинци и Либанци кои ги загубија своите сопружници, деца и семејства. На долгогодишната политика на Израел на геноцид, окупација и инвазија сега мора да му дојде крајот, дополнува Ердоган.