Published: Monday, October 7, 2024 19:50
Лидерите на ЕУ се залагаат за забрзување на депортацијата на мигрантите како дел од пошироките напори за заострување на миграциската политика, се вели во нацрт-извештајот во кој имале увид од бриселскиот месиум „Политико“.
Франција и Германија, исто така, се приклучија на иницијативите за заострување на пристапот до мигрантите во Европа.
Според нацрт-заклучоците, лидерите на ЕУ планираат да извршат притисок врз Европската комисија да излезе со нови упатства за депортација кога ќе се состанат на 17 октомври во Брисел.




