НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата сè уште нема план за патот кон ЕУ, опозицијата и јавноста бараат да се објави планот и да се постигне политички консензус!

0
By Marija Todorovska on October 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија веднаш штом ќе ја спроведе својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Во декември 2023 година, Европскиот совет дополнително ја повика Северна Македонија да го забрза завршувањето на овие промени, изјави Писонеро за „Фронтлајн“.

Дестан Јонузи

Меѓу партнерите од владината коалиција има различни изјави за уставните измени и непречениот напредок на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.

Додека коалициониот партнер ВРЕДИ вели дека е „гарант“ дека ќе има уставни измени, премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема придвижување во оваа насока. Лидерот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче, вели дека за ова прашање е потребен политички консензус, поточно национален план, а од Европската комисија велат дека без уставни измени нема преговори за членство.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека за излез од оваа ситуација, потребно е да се објави планот на владата, и да се обидат да направат консензус со сите релевантни политички чинители во државата.

– За излез од оваа ситуација, потребно е да се објави планот на владата, и да се обидат да направат консензус со сите релевантни политички чинители во државата, вклучително и ВЛЕН и опозицијата. Во спротивно, можеме да се соочиме со владина криза за три месеци, вели Николовски.

Тој не верува во способноста за менување или адаптирање на преговарачката рамка онака како што нашата влада тоа го замислила.

– За таква една голема промена, потребна е едногласност меѓу земјите-членки. За таква едногласност, потребни се моќни партнери и поддржувачи, кои би биле наши гласноговорници на ниво на Брисел. Такви во моментов немаме, а сметам дека дури и губиме симпатии со последното недолично однесување кон Бугарија на наш висок владин претставник. Наш единствен партнер во ЕУ во моментов е Унгарија, која е не е нешто многу влијателна држава во Унијата, нагласи тој.

Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани, вели дека Брисел не гледа со голем оптимизам за предлогот за уставни измени со одложено дејство, но не го отфрла целосно.

– Во неколку наврати јавно имав кажано дека тој предлог не се гледа со голем оптимизам во Брисел, меѓутоа не се отфрла целосно. Мислам дека ние треба да настојуваме на изнаоѓање решенија кои ќе бидат прифатливи и од нашите стратешки партнери. Ова не зависи многу од нив, туку зависи од нашата волја и ангажман за изнаоѓање решенија, изјави Муртезани.

Од друга страна портпаролката на Владата Марија Митева изјави дека кога ќе биде готово решението како да продолжат преговорите за евроинтегративниот пат на државата, јавноста ќе биде информирана.

– Не станува збор за нешто што ќе се држи во тајност. Посветеноста на Владата во однос на евроинтеграциските процеси секогаш е отворена пред граѓаните со јасно изразени услови. Кога ќе се создадат услови, јавноста ќе биде информирана – рече Митева.

Најголемата опозициска партија СДСМ повторно побара од Владата да каже каков е планот за евроинтегративниот процес на државата.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче во изјава за медиуми рече дека во наредниот период ќе ги користат сите механизми, вклучувајќи и свикување собраниска седница, со цел да обезбедат одговор од премиерот во врска со евроинтеграциите на земјава.

Фото: СДСМ

– Ние мора да знаеме кој е планот на Владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат. Нашата идеја за собраниска седница е затоа што Собранието е местото каде што носат одлуки. Премиерот има многу најави за некаква поддршка од некои држави за менување на Преговарачката рамка со која наводно би се подобрила состојбата на нашата држава во процесот на евроинтеграции, но сето тоа е обвиено со некаква мистерија и не знаеме детали. Премиерот има обврска тоа да го соопшти пред народните избраници и на граѓаните. Сега откако еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што нема ниту политичко, ниту етичко, ниту морално право, тој треба да направи нешто што очекува огромното мнозинство граѓани. Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира премиерот во неговите изјави дека наводно има најави за поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство, бидејќи самиот министер кажа дека во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа. Тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во владата кои создаваат впечаток на целосна безперспективност мора да се расчистат во Собранието. Ние мора да знаеме кој е планот на владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат – изјави Филипче.

Портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување, Ана Писонеро ексклузивно за „Фронтлајн“ изјави дека „Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите за кластерите со Северна Македонија што е можно поскоро, откако земјата ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот“.

– Европската унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија веднаш штом ќе ја спроведе својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Во декември 2023 година, Европскиот совет дополнително ја повика Северна Македонија да го забрза завршувањето на овие промени, изјави Писонеро за „Фронтлајн“.

Патот на Северна Македонија и на Албанија кон членството во ЕУ беше споен со почетокот на преговорите во летото 2022 годинa. Тогаш беа одржани и првите меѓувладини седница на Скопје и Тирана со Брисел, но отворањето на кластерите беше поместено за втората меѓувладина седница.

Претходно, во ноември 2020, Бугарија стави вето за преговарачката рамка за Северна Македонија со Европската Унија поради спор околу јазикот, историјата и бугарското малцинство.

Со посредство на европските партнери, беше пронајден компромис за преговарачката рамка на Северна Македонија која прифати во Преамбулата од Уставот, покрај веќе постоечките, да се додаде и бугарската заедница. Од друга страна, пак, се задржа чистата формулација за македонскиот јазик со тоа што Бугарија даде унилатерална изјава во која го изрази својот став за ова прашање.

По постигнатото решение, Северна Македонија на 19 јули 2022 година ја одржа Првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамки на пристапниот процес. За да се одржи втората и да почнат да се отвораат поглавјата македонскиот парламент треба да изгласа уставни измени со кои Бугарите ќе ги вметне во Преамбулата.

На 26 септември оваа година Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.