НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се укина балансерот, се стресе гората, се родија непродуктивни политикантски ама, жално, и интелектуално хормонални изливи и, и толку

0
By Zoran Ivanov on October 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Што толку се возбудија, ај за политичарите политиканти кои малку, малку па пак ќе чепнат по рејтингот преку етно грбот на граѓаните, практично преку пумпање национализам, те крај на светот, те се урна рамковниот, те се наруши принципот, те ова, те она, само мрмкање до мрмкање и ај, за политичките гребатори, за рејтинг нивен и неважно, ама ова интелектуалциве, колумнистиве, нели обликувачите на јавното мислење на кои за балансерот и за одлуката на уставниот им зовреа хормоните и целата ситуација ја вртат на етно ксенофобија и тоа дури и многу појако и по посветено од политичарите политиканти и, при тоа, кажано во една реченица, таа нивна хормонална демек цивилизациска возбуденост наспроти шовинистичката поставеност на, нели, партискиот уставен, нити сега ниту претходно, не зуцнаа за злоупотребите на партиските, на партиско штабските злоупотреби со балансерот, на непринципиелното туткање цели контигенти некадарни на и во разно разни државни места од кадровски местенки до т.н. обични административни вдомувања, тие за тоа молк, молк за тој таков балансер кој целиот амбиент за правичност и воедно и за некадарност го доведе до апсурд па, реално е да се очекува, тргнувајќи од фактот што во македонското општество, значи не во македонската политичка или, поточно, не во македонската партиска држава туку во и меѓу македонското етно плурално граѓанство, правичноста во чија основа е етничката припадност, од поодамна е веќе апсолвирана, тогаш ајде, макар само како некаков експеримент, да се обидеме да констатираме дека она што за балансерот го доживува општеството, дека тој девалвиран институт е дискредитиран до степен на целосна партиска себичност и дека на општеството му треба друга формула за нешто за што веќе од поодамна има согласност па, нека е ова најсубјективно, излегува дека со оваа цела бука што конечно се укина балансерот ваков каков кој што од добра намера се претвори во своја спротивност, само се стресе гората, се родија непродуктивни политикантски ама, жално, и интелектуално хормонални изливи и, и толку.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.