Рио де Женеиро: Површина споредлива со големината на Белорусија изгоре во Бразил помеѓу јануари и септември 2024 година, според извештај објавен денеска.
Вкупно 22,38 милиони хектари изгореа во пожари во првите девет месеци од 2024 година, што е зголемување за 150 проценти во споредба со истиот период во 2023 година, се вели во извештајот на иницијативата MapBiomas.
Областа одговара на околу 2,6 отсто од површината на Бразил, поголема е од Белорусија (20,29 милиони хектари) и речиси е колку Романија или 23 милиони хектари.