Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија.
Две балистички ракети Искандер-М ноќеска ги погодија регионите на Полтава и Одеса, а две ракети Х-59 беа лансирани кон регионите Чернихив и Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.
Украинските сили за противвоздушна одбрана уништиле 31 дрон.