Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија ги отвара преговорите за членство во ЕУ во вторник, Мицкоски сé уште го пишува писмото за Унијата

0
By Marija Todorovska on October 13, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 13, 2024 13:30

За шпекулациите кои ги лиферуваа одредени медиуми дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе го искористи Самитот на Европската политичка заедница којшто на 7 ноември оваа година ќе се одржи во Будимпешта за да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер и бугарскиот претседател Румен Радев, Мицкоски кажа дека нема информации за таква средба во Будимпешта, но дека е подготвен да седне и да разговара.

Драган Мишев

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.

– Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението што го пренесува МИА.

Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.

– Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.

Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.

Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Северна Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

Во меѓувреме, додека нашиот западен сосед ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на прашање до каде е подготовката на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите и дали очекува поинаква опција или оптимизам од Унијата, денеска на прес-конференција изјави дека писмото до ЕУ е во подготовка, пред да го испратам сакам да имам појасна слика до каде сме и што можеме да направиме.

-Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции, одговори Мицкоски, додавајќи дека ако не се смени Преговарачката рамка тогаш „најдобро е да прифатиме се се што бараат соседите и да се избришеме’.

Истовремено, Мицкоски нагласи дека тој така не води политика, не заборавајќи за моменталниот неуспех да  отпочнат преговорите да го префрли на предходната власт.

Писмото е во подготовка. Утре патувам во Берлин ќе има состанок на Берлинскиот процес, ќе разговарам со голем број од европските политичари, пред да го испратам писмото сакам уште малку повеќе да имам јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме, рече Мицкоски.

За шпекулациите кои ги лиферуваа одредени медиуми дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе го искористи Самитот на Европската политичка заедница којшто на 7 ноември оваа година ќе се одржи во Будимпешта за да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер и бугарскиот претседател Румен Радев, Мицкоски кажа дека нема информации за таква средба во Будимпешта, но дека е подготвен да седне и да разговара.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.