НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боро Иљоски: Ликовниот уметник кој за инает реши да стане Робинзон Крусо

0
By Marija Todorovska on October 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога твоето родно место го избришале од картата, можеш слободно да опстојуваш во апстракцијата

Љубомир Костовски

Морам да признам дека за Боро Иљовски дознав сосема случајно. Во еден разговор со веројатно највредниот колекционер на слики од македонското сликарство – Тихомир Кондев, а на прашање кој наш уметник од негов домен на интерес го смета за најзначаен во тој миг, веднаш го спомена името Боро Иљовски. Бев изненаден од споменувањето на човек за кого едноставно ништо претходно не сум чул. Кондев рече дека тој живее во Панчево во речиси комплетна изолација, но одвреме-навреме организира изложби, дека сликите му се продаваат добро и дека во тогашни југословенски рамки е најдоследен приврзаник на апстракцијата во духот и правецот низ кој се изразувал еден Пикасо, на пример.

На Иљовски се присетив кога ја доби престижната годишна награда за ликовна уметност на белградскиот дневен весник „Политика“ од фондот „Владислав Рибникар“, делумно и заради фактот што медиумот кој ја додели не можеше да измолкне од добитникот барем дозвола за пристојно интервју! Или поточно доби само нешто како изјава која немаше поголема должина од една шлајфна (30 редови со машина за чукање), одвај доволна за една од петте колони по кои се препознаваше страницата на „Политика“! Иљовски остана доследен на сликата за себе како некаков Робинзон Крусо, жив, а речиси невидлив со месеци таму близу велеградот. На изложбата која му ја донесе наградата тој се претстави со дури 100 дела, сите тематски поврзани!

Иљовски (Дреново, Егејска Македонија, 17 јули 1942 – Белград, Србија, 14 октомври 2013) почина седум години по доделената награда и одново се врати во меморијата.

ВАЖЕШЕ ЗА НЕКОМУНИКАТИВЕН Сепак неговото дело беше препознаено и признаено

Културната јавност во Србија го смета за свој сликар. Овој уметник е роден во село Дренво на Преспанското езеро, близу до познатото село Нивице (имено таму е потпишан Преспанскиот договор).

Станал дел од бегалските колони создадени после поразот на силите на ДАГ што заминале во 1949 година во земјите на социјалистичкиот лагер, кога имал само седум години, а веројатно со соседите бил интерниран во Полска. А кога дошол во Југославија побарал да оди на студии во Париз, каде се заразил од модернизмот. Кога се вратил назад останал во близина на главниот град на федерацијата, така што некакви посебни контакти со Македонија и немал, иако комуницирал одвреме-навреме со македонската заедница од соседството на Панчево (селото Јабука) и со тамошните доселеници разменувале некакви сеќавања за родниот крај, низ слики што кај него бледнееле. Неговата мајка умрела додека бил многу мал, на неа и не се сеќава, таткото бил фурнаџија, имал уште неколку роднини и тоа во место во кое живееле малку селани. Во селото Дреново, што се водело како дел од леринската околија бил трето дете на таткото Илија и мајката Александра, која не ја памети. До својата седма година живеел со бабата и дедото во родното место. Во неговите тогашни документи се споменува и грчката алтернатива – името Периклис Илиопулос, чиј датум на раѓање го измислила неговата баба за да нема проблеми со тамошните власти.

ПОВТОРНО И ЗАСЕКОГАШ Светот бил некогаш една точка, а може да се дефинира и како мноштво од точки, ако гледаш кон небото

Во Белград од Полска дошол во 1956 година, како помлад тинејџер. Влегол во 1961 година на Академијата за ликовни уметности, а дипломирал во 1968 година во класата на професорот Ѓорѓе Бошан, кај кого завршил и постдипломски студии. Кон крајот на 70-тите и 80-тите се создадени најважните дела на овој уметник: Повторно и секогаш, Никогаш ненадминат, Возбудени обрасци, На црно поле, Личен апартман, Жолт цртеж на црвено поле и така натаму. Тоа било и време на негова целосна афирмација на југословенската сцена, што го потврдува и неговиот избор за југословенски претставник на 41-то Биенале во Венеција во 1982 година. Има ли некој македонски сликар кој ја преставувал Федерацијата на таа манифестација, освен ако тоа не било во група според шемата „братство-единство“?

Неговото место на ликовната сцена се должи на уникатноста на изразот и сфаќањето на просторот – изградил креативен ракопис заснован на шема, на форма на „шара“ што ја исполнува површината на неговите платна.

Бора Иљовски починал еден понеделник, пред девет години, на 14 октомври 2013 година на 71-годишна возраст. Истакнатиот уметник бил погребан на 16 октомври 2013 година на Централните гробишта во Белград.

1 of 8
–+

Зад него останале голем број групни изложби во земјата и странство.

Неговите слики се наоѓаат во бројни јавни и приватни колекции во Србија и во странство. И покрај неговата изолација како стил на живот, добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и наградата за сликарство на изложбата УЛУС 68 (1968 година), откупната награда на градот Чачак на 15. Спомен на Надежда Петровиќ (1989), наградата Горки лист на компанијата Синалко, за достигнувања во областа на културата и уметноста (2006) и низа други.

Првата самостојна изложба ја имал во Галеријата на Графичкиот колектив и Галеријата на Коларац во 1968 година. Се помни дека на покана на авторот на изложбата „Во клисурите на Балканот“, Рене Блок, негова слика била изложена во 2003 година во Kunsthalle Fridericianum во Касел. Неговите дела се претставени на повеќе од 20 индивидуални и голем број групни изложби во земјата и странство.

Сликата „Џез“ (1984), што е дел од изложбата „Азбука“ во белградската галерија Б2, која уметникот ѝ ја подари на музичарката Бисера Велетанлиќ, директно се однесува на она на што уметникот инсистирал, а тоа е дека инспирација за неговиот сликарски процес била музиката, особено џез музиката. Иљовски често зборуваше за неговите реплики како „џезирани линии“, кои реализираат и ритмичка и мелодиска структура, додека бојата избрана за позадина е всушност музичка скала во чиј клуч го доживуваме тој ритам и мелодија.

Критиката смета дека периодот на експериментирање со ленти од различни материјали е значаен за разбирање на творечкиот опус на Бора Иљовски. Во почетокот тоа се ленти од дрво и картон со кои уметникот прво манипулира во просторот, а потоа со техниката на колаж ги поставува на површината на сликата и на крајот ги транспонира во телото на самата слика како мотив. Според самиот уметник, тие се клучниот мотив за разбирање на неговата работа. Во текот на 1980-тите, мотивот на лентата ќе биде заменет со тркалезна форма, а ритамот што беше постигнат во претходните композиции со судирот на колористичките вредности и различниот правец на обоените ленти ќе остане препознатлив дури и во подоцнежната фаза од неговата креативност.

Неговите дела денес се наоѓаат во Националниот музеј и Музејот на современа уметност во Белград, Националната галерија во Берлин, Музејот на ликовни уметности во Будимпешта, Музејот на современа уметност на Република Српска во Бања Лука, музејот Цептер во Белград, како и во бројни приватни збирки во земјата и странство.

Колекционерот Кондев почина, а неговото богатство е растурено на познати адреси, бидејќи не успеа во последните 10 години да заинтересира некого да отвори легат во земјава кој ја примил неговата колекција на вредни дела на македонски мајстори.

Констатирав дека селото Дреново (грчки: Κρανιές, Краниес, до 1926 Δρένοβο, Дреново) е раселено село. Со пописот од 1961 година селото е избришано од официјалната евиденција.

Чиста апстракција – сеќавање што не може да се потврди на теренот.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.