НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Vielen Dank, Frau Angela Merkel!

0
By Zoran Ivanov on October 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десет години подоцна, Берлинскиот процес има зад себе серија резултати: конкретни инфраструктурни проекти кои ги олеснуваат врските во регионот, телефонски разговори без роаминг, дигитализација, признавање дипломи, интеграција на економиите во заедничкиот регионален пазар… Најважно од сето тоа е духот на соработка што е воспоставен на Балканот, без кој не може да се случи ниту помирување, ниту развој на овој регион.

Џелал Незири

28 август 2014. Овој датум го одбележуваше 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, одлучи овој датум да го одбележи малку поинаку. Со тоа, таа отвори ново поглавје на надеж за земјите од Западен Балкан.

Една поинаква визија за Западен Балкан, која надминуваше историски недоразбирања и замките поради кои се познати државите од регионот. Оваа визија добиваше форма и импулси преку конкретна иницијатива, која денес е позната како „Берлински процес“.

Тоа исто така беше тежок период на геополитички план: Русија го анектираше Крим, ИСИС продолжуваше да освојува територии во Ирак и Сирија, а бегалската криза закануваше да создаде раздор во Европската Унија.

Во целата оваа слика на глобална и регионална несигурност, Меркел отвори ново поглавје на надеж за земјите од Западен Балкан. Резултатите не се поклопуваа со нетрпеливоста на балканските земји да станат дел од ЕУ. Очекувањата на Балканот беа поголеми отколку подготвеноста на Европа.

Со почетокот на пандемијата COVID-19, процесот на интеграција речиси беше ставен на страна. Во тој период, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама ја лансираа идејата за „Мини-Шенген“, кој подоцна го доби името „Отворен Балкан“.

И овој проект, колку и да изгледаше конкурентен со Берлинскиот процес, беше резултат на истиот процес. Пред 2014 година немаше ниту една официјална посета помеѓу Тирана и Белград, додека само пет години по започнувањето на Берлинскиот процес имавме самостојна регионална иницијатива која, со сите нејзини недостатоци, го промовираше економскиот развој, соработката, мирот и безбедноста.

Десет години подоцна, Берлинскиот процес има зад себе серија резултати: конкретни инфраструктурни проекти кои ги олеснуваат врските во регионот, телефонски разговори без роаминг, дигитализација, признавање дипломи, интеграција на економиите во заедничкиот регионален пазар…

Најважно од сето тоа е духот на соработка што е воспоставен на Балканот, без кој не може да се случи ниту помирување, ниту развој на овој регион.

Берлинскиот процес помогна и продолжува да им помага на земјите од регионот да се приближат кон целосната интеграција во ЕУ. Поттикнувањето и поддршката на аспирантските земји во спроведувањето на реформите во согласност со законите на ЕУ, борбата против корупцијата и организираниот криминал, функционирањето на правната држава и зачувувањето на основните демократски вредности, без сомнение се меѓу најзначајните резултати на Берлинскиот процес.

Годишните самити на високо ниво, министерските состаноци и конференциите на невладините организации од шесте земји од регионот придонесоа денес отворено да се зборува за проблемите, да се размислува како да се решат и да се движиме напред кон посветла перспектива.

Со една реченица, Берлинскиот процес го трансформираше Западен Балкан од сива зона, која беше позната како арена на постојани немири и конфликти, во регион обединет околу заедничка визија – онаа на европеизација.

Меркел сега ужива во својата заслужена пензија, но зад себе остави овој голем проект за мир. Vielen Dank, Frau Angela Merkel

Текстот е сопственост на Инбокс 7.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.