НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна изборната кампања – партиите на митинзи

0
By Нова ТВ on March 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања за претстојните локални избори почнува денеска и ќе трае до 22 март на полноќ. Изборите, што се закажани за 24 март, ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје.

По постигнувањето на политичкиот договор и прекинувањето на бојкотот од опозицијата, во саботата Собранието го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници до 8 март на полноќ.

Колкава ќе биде вкупната бројка на учесници на овие локални избори се очекува да се знае откако ќе заврши овој рок, кој вторпат се продолжува.

Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати. Според најавите од ДИК по првото продолжување на рокот кој беше до 3 март на полноќ, редните броеви на кандидатите кои доставија листи во законски предвидениот термин односно до 16 февруари остануваат исти, а единствената листа на кандидати ќе биде дополнета само со новопријавените кандидати.

Кандидатурите, според законот, треба да ги разгледа и Комисијата за верификација на фактите која треба да изврши проверка дали кандидатите за советници или градоначалници соработувале со тајните служби.

Имајќи предвид дека изборната кампања почнува денеска партиите веќе ги имаат закажано првите митинзи. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе одржи митинг во Охрид, додека најголемата опозициска партија СДСМ во Струмица. Партиски активности и конвенции имаат најавено и другите учесници на изборите.

Во избирачкиот список за гласање на локалните избори се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.