НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија напред кон ЕУ, во Македонија се глуми евроинтеграција и се комплицира процесот!

0
By Marija Todorovska on October 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинарката Слободанка Јовановска која долги години беше известувач од Брисел во изјава за Фронтлајн вели дека не е проблем што Албанија почна преговори, а ние не.

Според неа, процесот е толку бавен што месеци не играат улога.

Дестан Јонузи

Албанија денеска (15 октомври) го отвора првиот кластер од преговорите за пристапување кон ЕУ, со што се одвојува од Северна Македонија која не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата. За власата ова е лоша порака кон македонските граѓани, додека опозициската СДСМ гледа тежок пораз за политиките на Владата.

Слободанка Јовановска

Новинарката Слободанка Јовановска која долги години беше известувач од Брисел во изјава за Фронтлајн вели дека не е проблем што Албанија почна преговори, а ние не.

Според неа, процесот е толку бавен што месеци не играат улога.

– Проблем е што во Македонија нема цврста волја да се почнат преговорите и што евроинтеграцијата ја користат партиите за политички пресметки. Мислам дека од ЕУ ги сакаме само парите, а сè друго што значи европски стандард отфрламе. Се глуми евроинтеграција и намерно се комплицира процесот. Идејата за нови преговори со Бугарија е апсурдна, бидејќи нема големи изгледи да доведе до подобро решение. Мислам сепак дека треба да ѝ оставиме шест месеци на оваа влада да покаже што може и дали може да успее, после тоа да не ни го губат времето и да се свратат кон условите што ги бара Брисел, изјави Јовановска.

Драган Тилев

Драган Тилев, државен советник за европски прашања за „Фронтлајн“ вели дека европскиот процес или Европеизацијата, односно реформите, треба да се разберат и прифатат како константа и неопходност, и како такви НЕ смее да застанат.

– Реформите мора да продолжат. Секој застој или отстапување од европските реформи ќе нè турне во ќорсокак и ќе значи само загубено време, енергија која потоа ќе треба да ја надомести генерацијата по нас. Важни се локалните проекти, но мора да се најде патот и до стратешките цели, државните проекти кои го надминуваат векот на една Влада, кои треба да обезбедат интегрирање на земјата во големите општествени, политички и економски системи. Членка сме на НАТО, мора да станеме членка и на Европската Унија, и тоа најбрзо што може, вели Тилев.

Процесот, додава нашиот соговорник, на пристапни преговори се одвива по однапред утврдени правила кои се дел од Преговарачката рамка и Заедничката генерална позиција на ЕУ.

– Согласно Договорот за основање на Унијата, одлучувањето за отворање на Кластери е предмет на едногласност. Како што е познато, во билатералниот Протокол 2 потпишан со Бугарија на 17 јули 2022 година, рефлектиран во заклучоците од Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година, е предвидена промена на Уставот како политичка одредница која е заедничка позиција на ЕУ потврдена на Првата Меѓувладина конференција од 19 јули 2022 година, со која формално правно започнаа пристапните преговори за нашето полноправно членство во Европската Унија. Политичката одредница за продолжување на пристапните преговори е позната, но како да се надмине оваа одредница, сè уште е отворено политичко прашање, кое ќе мора да го разрешат политичарите, подвлече тој.

Државниот советник за европски прашања нагласи дека процесот бил и ќе биде проткаен со политички и со технички одлуки. За Албанија, постигната е едногласност за отворање на првиот кластер Фундаменти, за кој таа ги исполнила одредниците за отворање.

– Треба да ѝ посакаме натамошен успех на Албанија и да искажеме задоволство што пријателска соседска држава оди напред во процесот. Од технички аспект и ние сме целосно подготвени да го продолжиме процесот исто така. Северна Македонија ги достави нацрт документите за пресретнување на одредниците за отворање на Кластерот Фундаменти, чија содржина се синхронизира и со Реформската агенда. Веднаш потоа, Европската комисија треба да подготви Извештај за исполнувањето на бараните одредници и да го достави до Комитетот на Советот на ЕУ за преговори. Во тој момент техничкиот дел влегува во политички процес, кој пак зависи од исполнувањето на нашата единствена политичка одредница, нагласи Тилев.

Ана Писонеро

Портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување, Ана Писонеро ексклузивно за „Фронтлајн“ изјави дека „Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите за кластерите со Северна Македонија што е можно поскоро, откако земјата ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот“.

– Европската унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија веднаш штом ќе ја спроведе својата обврска за завршување на уставните измени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Во декември 2023 година, Европскиот совет дополнително ја повика Северна Македонија да го забрза завршувањето на овие промени, изјави Писонеро за „Фронтлајн“.

Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени, и порача дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.

Патот на Северна Македонија и на Албанија кон членството во ЕУ беше споен со почетокот на преговорите во летото 2022 годинa. Тогаш беа одржани и првите меѓувладини седница на Скопје и Тирана со Брисел, но отворањето на кластерите беше поместено за втората меѓувладина седница.

Претходно, во ноември 2020, Бугарија стави вето за преговарачката рамка за Северна Македонија со Европската Унија поради спор околу јазикот, историјата и бугарското малцинство.

Со посредство на европските партнери, беше пронајден компромис за преговарачката рамка на Северна Македонија која прифати во Преамбулата од Уставот, покрај веќе постоечките, да се додаде и бугарската заедница. Од друга страна, пак, се задржа чистата формулација за македонскиот јазик со тоа што Бугарија даде унилатерална изјава во која го изрази својот став за ова прашање – дека македонски јазик не постои, туку станува збор за дијалект на бугарскиот јазик.

По постигнатото решение, Северна Македонија на 19 јули 2022 година ја одржа Првата меѓувладина конференција со ЕУ во рамки на пристапниот процес. За да се одржи втората и да почнат да се отвораат поглавјата, македонскиот парламент треба да изгласа уставни измени со кои Бугарите ќе ги вметне во Преамбулата.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.