НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глобалниот јавен долг би можел да достигне 115 отсто од „глобалниот БДП“ за само три години

0
By Marija Todorovska on October 15, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вашингтон: Вкупниот глобален јавен долг за прв пат оваа година ќе достигне 100 трилиони долари и може да се зголеми побрзо од предвиденото, бидејќи политиката фаворизира повеќе трошења и слабиот економски раст ги зголемува потребите и трошоците за задолжување, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Најновиот извештај на ММФ покажа дека глобалниот јавен долг ќе достигне 93 отсто од глобалниот бруто домашен производ до крајот на 2024 година и ќе се приближи до 100 процентни поени до 2030 година да биде за 10 отсто повеќе од 2019 година.

Извештајот вклучува „сериозно надолно сценарио“ кое покажува дека глобалниот јавен долг би можел да достигне 115 отсто од глобалниот БДП за само три години, 20 отсто повеќе од моментално прогнозираното.

Објавен седум дена пред годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон, во извештајот се вели дека има добри причини да се верува дека идните нивоа на долг би можеле да бидат значително повисоки од моментално прогнозираните, вклучително и желбата да се троши повеќе во САД, најголемата светска економија.

– Неизвесноста во фискалната политика се зголеми, а политичките црвени линии за оданочување се вкоренија. Се зголемуваат притисоците врз трошењето за справување со зелените транзиции, стареењето на населението, безбедносните грижи и долгорочните развојни предизвици, се вели во извештајот на ММФ.

Загриженоста на ММФ поради зголеменото ниво на долг доаѓа три недели пред претседателските избори во САД, на кои и двајцата кандидати ветија нови даночни намалувања и трошоци кои би можеле да додадат трилиони долари на федералниот дефицит.

Плановите за намалување на даноците на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе додадат околу 7,5 трилиони долари нов долг во текот на 10 години, што е повеќе од двојно повеќе од 3,5 трилиони долари од плановите на потпретседателката и кандидатка на демократите Камала Харис, според проценките на Комитетот за одговорност за федералниот буџет (ЦРФБ).

Долгот би можел дополнително да биде значително зголемен поради слабиот економски раст, позаострените услови за финансирање и поголемата неизвесност на фискалната и монетарната политика во системски важните економии како што се САД и Кина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.