Израелски полицаец загина, а неколку луѓе се ранети денеска во терористички напад на автопат во близина на израелскиот град Ашдод. Напаѓачот е уапсен.
Жртвата на пукањето е 30-годишен полицаец.
Извештаите велат дека терористот пеш стигнал до автопатот и тргнал по патот во близина на клучка. Не е јасно дали тој стигнал до запрено полициско возило и потоа отворил оган или дали полициското возило застанало до него за да истражи, пишува Тајмс оф Израел.
Потоа отворил оган од пиштолот, при што тешко го ранил полицаецот кој подоцна починал од повредите, натаму почнал да пука и во цивили во околните автомобили.