Повеќе од јасно е дека се бара формирање на паралелни институции во унитарна држава. Тие пак за свое успешно функционирање бараат свои територии и, се разбира, како краен резултат – сецесија или раздвојување како логична последица.
Тито Петковски
Европските искуства во мултиетничките и мултиконфесионалните општества говорат дека таквите општества тешко функционираат. Ова доколку различните етнички заедници, аво Македонија ги има 26, не гааат пријателски чувства и доколку меѓусебно не комуницираат, односно доколку не користат ист комуникациски код кој што служи како врзивно ткиво за интеграција во една заедница како целина.
Ќе се интегрираат само доколку меѓу себе комуницираат.
Барањето на албанските партии за двојазичност на целата територија на државата, за што е потребна и промена на Уставот ,по најновото барање на ВЛЕН, станува сосема јасно која е крајната цел.
Многу е наивно да се верува дека станува збор само за веќе стекнати колективни права. Повеќе од јасно е дека се бара формирање на паралелни институции во унитарна држава. Тие пак за свое успешно функционирање бараат свои територии и, се разбира, како краен резултат – сецесија или раздвојување како логична последица.
МАНУ е државна институција, а не институвија на македонската етничка заедница и таму треба да се бара решението доколку во МАНУ има тешка проодност на кандидатите од другите етнички заедници.
Од Фејзбук ѕидот на авторот