НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Речиси никој во НАТО нема една агенција за безбедност каква што подготвува Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on October 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот или не знае или манипулира за тоа како се организирани агенциите за разузнување во земјите членки на НАТО

Слободанка Јовановска / Независен.мк

Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди дека една од „реформите“ што ги подготвува неговата влада е спојувањето на неодамна формираната Агенција за национална безбедност (АНБ) со Агенцијата за разузнување (АР) ,со што практично ќе ѝ се одземат ингеренциите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и на индиректен начин владата ќе стане единствен „командант“ на безбедносната служба со моќ која ќе ги надмине сите вакви агенции досега.

Тој уште тврдеше дека за оваа реформа разговарал со претседателката и дека утврдиле дека има потреба за неа, а не дека тоа е „резултат на лична фрустрација“, во смисла дека зад сето тоа не стои неговата желба како премиер и лидер на партија да контролира сѐ во државата.

Притоа Мицкоски не кажа дали претседателката се согласила да се откаже од надлежноста што ја има околу Агенцијата за разузнување. Таа сега ги именува нејзините директори, а вработени во Агенцијата тврдеа деновиве во аниномно писмо дека добила закана за покренување импичмент – ако не го потпише изборот на премиерот за прв човек на АР. Вчера, пак, во интервју Мицкоски се потсмеваше со АНБ, тврдејќи дека извештајот што го добил од нив личел на извештај од пишувања на социјални мрежи и портали.

Она што притоа падна во очи беше тврдењето на Мицкоски дека сака да ги спои АР и АНБ „зашто тоа е реформа што ја имаат направено најголемиот дел од сојузниците во НАТО“. Проверка на листата на разузнувачки агенции во земјите членки на НАТО покажува дека ова  тврдење нема врска со вистината и дека мотивите за реформа на реформираните безбедносни агенции пред само некоја година – не може да се оправда со вакви аргументи.

Практично, тоа што го тврди Мицкоски постои само во Хрватска, а покрај неа во Луксембург (држава град),  во Албанија и во Кипар, додека сите други имаат разузнувачки агенции за дома и за надвор (попластично објаснето имаат и своја ЦИА, и свој ФБИ), а повеќето имаат и воени безбедносни агенции, додека поразвиените земји имаат многу повеќе од три, па и за криминални активости, за откривање тероризам, шверц со оружје и слични.

Па, така, од западните земји, покрај САД чии безбедносни агенции се добро познати и се бројни, Германија ја има БНД (Сојузен разузнувачки сервис) и БСИ (Сојузна канцеларија за информациска безбедност), покрај воената контраразузнувачка служба и една специјална – за заштита на уставното уредување на државата. Франција ги има  ДГСИ (Генерален директорат за внатрешна сигурност) и ДГСЕ (Генерален директорат за надворешна безбедност), покрај други безбедносни агенции, а поделбата е најочигледна во Естонија, која има Служба за внатрешна безбедност и Служба за надворешна безбедност.

Практично, одделни агенции за разузнување и за контраразузнување за дома и за надвор имаат сите земји членки на НАТО кои имаат сериозен однос кон безбедноста и капацитет да ја организираат, како Финска, Полска, Романија, Италија, Чешка, Данска, Шведска, Норвешка, Португалија, Словачка, Велика Британија, Шпанија, Холандија, Германија, Франција, Естонија и други. Практично, без оглед какви имиња носат и пред кого одговараат и кој ги именува, речиси е универзална формула да се раздвојат разузнувањето и контраразузнувањето во државата, заради поголема ефикасност, но пред сѐ заради поголема демократска контрола. Практично, прашање на демократија во една државата е како ќе се воспостави и контролира безбедносната мрежа.

Токму поради недемократската употреба Управата за безбедност и контраразузнување беше укината кај нас во 2019 година и беше заменета со АНБ. За тоа како беа користени безбедносните агенции од страна на ВМРО-ДПМНЕ зборува и фактот дека од сите директори што ги имале УБК и АР апсолутен рекордер во директорување беше Сашо Мијалков кој таму „владееше“ девет години, а по него најдог стаж има Арнолд Муслиу (само четири).

Информацијата пак што ја пренесе денес со соопштение СДСМ дека новоименуваниот директор на АНБ, инаку партиски функционер, Бојан Христовски, на еден од постовите на социјалните мрежи и го честитал „петтиот и последен роденден“, го отвора прашањето кој е неговиот мандат во оваа агенција и која ќе биде неговата улога во новата што ќе се формира, а за која се шпекулира дека ќе го носи името Агенција за безбедност (АБ). Практично уште тоа  не сме го пробале во разузнувачкиот сектор кој се реформира кого како ќе му текне, така што сите во Македонија знаат кон се БНД, ЦИА, ФБИ, ДЕА, МИ5 и МИ6‚, а малку се тие што знаат каде се наоѓа воопшто АНБ.

Текстот е сопственост на Независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.