Тел Авив: Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде живее премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска израелската војска, јави ДПА.
Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот.
Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж.
Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар.