Кубанскиот енергетски систем падна и трет пат во рок од два дена, поради што милиони домаќинства на островот се без труја
Системот паднал во обид да биде рестартиран. Првиот прекин на енергија се случил во петокот, откако била запрена работата на најголемата енергетска централа на Куба. Системот повторно паднал во саботата наутро, па и трет пат вечерта, токму кога властите објавија дека проблемот е надминат.
Електродистрибуцијата во Хавана објави дека „проблемот е сложен“ и дека е исклучен западниот потсистем.
Милиони жители на Куба немаат ни пристап до интернет и телевизија, поради што не може да се информираат за развојот на ситуацијата.
Уште пред падот на системот од многумина работници и службеници било побарано да останат дома, а затворени биле и училишта со цел да се штеди струја и да не се преоптовари системот.