НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жената на која сѐ и е јасно

0
By Zoran Ivanov on October 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На овој народ му се нуди несвитканата кичма за доручек, ручек и вечера. Како замена за достоинствен живот, нешто повеќе на трпезата од ајвар и сирење и бел леб од најевтиниот, по некој зимски и летен одмор, мала безгрижност во студенилото од живот кој сите го имаме. Освен избраните одговорни за ваквата мизерија од животец.

Биљана Секуловска / 25 минути.мк

Тажна е оваа држава по која чекориме, низ вековите. Најдоброто нешто што може да ни се случи низ деценииве е секогаш повторното доаѓањето на ВМРО- ДПМНЕ на власт.

Само оваа партија може да ги разбуди заспаните и сурови срца на светот, последното е на шефицата на германската дипломатија, Бербок. Средбата на Муцунски со неа и жалните факти за сите нанесени неправди кон земјава кои и ги изнеле на Бербок, ја трогнале многу министерката, но што може таа да направи во овој безобѕирен свет.
Сме менувале имиња, знамиња, сме биле блокирани и изолирани, да ве гледаат студено и ви велат што да се прави, тоа е светот на жртвите на малите и неважните. Среќата е на наша страна, сепак. ВМРО- ДПМНЕ е голема партија, моќна, беше најбогата во Европа, сигурно и сега се држи одлично. Владее во најсиромашната земја во Европа, со утепан во секој смисол народ. Финансиски, образовно, здравствено. На овој народ му се нуди несвитканата кичма за доручек, ручек и вечера. Како замена за достоинствен живот, нешто повеќе на трпезата од ајвар и сирење и бел леб од најевтиниот, по некој зимски и летен одмор, мала безгрижност во студенилото од живот кој сите го имаме. Освен избраните одговорни за ваквата мизерија од животец.

Во нашиот свет нема луѓе кои одат со наведната глава кога се соочуваат со сопственото семејство на трпезата, а со крената глава кога ги слушаат мудрите пораки на Мицковски дека не попуштаме, ние гордите Македонци. Опкружени сме со луѓе кои им се колнат на бедните околу нив дека се патриоти, а секојдневно се прегрнуваат со истите оние кои ја продуцирале несреќата на гладните, понижените, обесправените.

Тоа е вистината на оваа земја која ја знае и германската министерка Бербок и затоа е и студенилото на нејзиниот одговор за обврските на власта. Затоа и така изгледаат сите овие наши години на неправди и жртви. Време е тоа и да им се каже на моќните и богатите од власта, на нивните поддржувачи од сите делови на ова мало парче земја. Време е.

Текстот е сопственост на 25 минути.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.