Болоња: 20-годишен маж загина во поплави во регионот Емилија Ромања во северна Италија, соопшти денеска противпожарната служба.
Се наведува дека пожарникарите го пронашле телото на млад човек , кој исчезнал, откако неговиот автомобил бил однесен од река во регионот Пјаноро во близина на Болоња.
Болоња е под вода, а ситуацијата е полоша отколку во мај 2023 година – изјави привремената градоначалничка на Емилија Ромања Ирена Приоло, наведувајќи дека вкупно 13 општини се во „критична ситуација, вклучувајќи ги сите Болоња, Реџо Емилија и Модена откако во тоа подрачје за само неколку часа наврнале 175 милиметри дожд на метар квадратен.
Целосно е евакуиран градот Багнокавало во близина на Равена, кој веќе е погоден од поплави, вклучувајќи ги и поплавите од минатиот месец.