Политичките доктрини и филозофии не се надвор од стварноста во надворешниот свет и во мислите. Само што едни водат во големи страдања, дури во апокалипса (вмро-дпмне) а други водат во прогрес.
Бранко Тричковски
Судејки според релативистичкото стојалиште кое денеска е прифатено во повеќе академски кругови, стварноста се конституира во општеството преку јазикот, стереотипите и медиумските слики.
Како во Македонија, на пример.
Помислата дека луѓето имаат пристап до фактите за надворешниот свет е наивна, велат заговорниците на општествениот конструктивизам, на научните и културните студии, на критичката теорија, на постмодернизмот и деконструктивизмот.
Според нивните становишта, видувањата се секогаш заразени со теорија, а теориите се заразени со идиологија и политички доктрини, што значи дека секој што тврди дека располага со факти или дека ја знае вистината, всушност, само настојува да биде надмоќен над другите.
Јас не сакам да бидам надмоќен над другите во однос на вистината, јас сум надмоќен и тоа точно поради тоа што работам со факти, а тие со исфабрикувани чувства, стереотипи и отровни телевизиски сугестии. Кои се пооптоварени со теории, особено со теории на заговорот и политички доктрини, отколку школата на поборниците на реалната стварност.
Впрочем, политичките доктрини и филозофии не се надвор од стварноста во надворешниот свет и во мислите. Само што едни водат во големи страдања, дури во апокалипса (вмро-дпмне) а други водат во прогрес.
Јас имам пристап до факти во надворешниот свет затоа што сум слободен, а тие го гледаат светот и себе си како на филмско платно, пренесен од некаква лента која им го искривува така што прави да им е убав.
Тие живеат во некаков синеплекс.
Во лажен свет.
И ќе наебат.
За нив нема друг излез.
Познато е дека Липман во делото “Јавното мислење” бил загрижен од тешкотиите на патот на остварувањето на вистинска демокртија во време кога луѓето повеќе не се во состојба рционално да ги оценуваат јавните прашања затоа што податоците со кои располагаат се непотполни и издвоени од контекстот. Тоа се тие медиумски слики и стереотипи, митови и чувсства, кои му ја одземаат на човекот деловната способност во реална смисла. Липман вели дека луѓето ги поимаат општествените групи низ стереотипи; ментални слики кои се непотполни, пристрасни нечувствителни на варијации и отпорни се на информации кои ги побиваат.
Па, и ова е чиста Македонија.
Од Фејзбук ѕидот на авторот