Не сум сугурен дали и Мицкоски спаѓа во таа категорија, макар што знам дека сериозниот пораст на руското влијание во Македонија за време на неговата тотална и тоталитарна кампања беше очигледен.
Бранко Тричковски
Тој ќе имал свој панел и излагање на Европскиот самит во Салцбург.
Самитот е посветен на Европската Унија и реформите што Унијата ќе ги преземе.
Нашиот човек вели дека “има јасен план и визија и подготвеност Македонија да биде вреднувана според нејзините напори и залагања.”
Јас на мојот панел ќе кажам дека еден од основните проблеми на Европската унија е тоа што ги контактира и кооптора на некој начин, номиналните репрезенти на членките и на кандидатите кои често се во судир со вредносните критериуми на Унијата.
Понкогаш и драстично.
Со глобални геополитички импликации.
Такви се случаите со Орбан и Фицо кои се кремаљски експозитури во Унијата.
Не сум сугурен дали и Мицкоски спаѓа во таа категорија, макар што знам дека сериозниот пораст на руското влијание во Македонија за време на неговата тотална и тоталитарна кампања беше очигледен.
Но знам сугурно дека за сто дена власт ги растури сите европски достигнувања во Македонија и успеа да ја оддели од Албанија за да може полесно да ја дави и убива. Со образложенија кои никој нормален не може да ги сфати. Ширејки го антиевропското расположение и поделбите во општеството по сите основи.
Како може таков човек да држи предавање за реформите во Европската унија?
Од Фејзбук ѕидот на авторот