НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент и Советот на ЕУ сè уште со различни ставови за буџетот за следната година

0
By Marija Todorovska on October 22, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стразбур: Европскиот парламент и Советот на ЕУ остануваат со различни позиции за заедничкиот буџет на Унијата за следната година, стана јасно за време на пленарната сесија на ЕП во Стразбур.

Утре Парламентот ќе гласа резолуција за позицијата на Советот за буџетот на ЕУ за 2025 година.

Романскиот европратеник Виктор Негреску,  од групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, истакна дека буџетот не треба да зависи од преговори меѓу земјите-членки и ја нагласи потребата од инвестиции за зголемување на конкурентноста на Унијата.

Романскиот потпретседател на Европскиот парламент како главна задача го посочи зачувувањето на благосостојбата на граѓаните на Унијата. – За таа цел, неопходно е во сегашниот период на економски предизвици да се инвестира во нашата конкурентност, како што во својот извештај предложи поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, истакна Негреску. Наместо тоа, предупреди романскиот социјалдемократ, ЕУ предлага строги мерки за штедење.

Другиот известувач на ЕП за ова прашање – Германецот Никлас Хербст од групата на Европската народна партија – исто така ја истакна клучната важност за зголемување на конкурентноста на Европската Унија во овие сложени геополитички времиња. Тој повика да се посветат повеќе ресурси „со поглед кон иднината“.

Во име на унгарското ротирачко претседателство со Советот на ЕУ, државниот секретар задолжен за преговорите за буџетот Питер Банај рече дека Советот споделува многу од приоритетите на Европскиот парламент, но истакна дека времињата се тешки. – Поддржуваме некои приоритети на ЕП, но мора да бидеме подготвени за непредвидени ситуации и кризи и да оставиме резерви, нагласи тој, бранејќи ја преговарачката позиција на Советот.

Еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, го нотираше разидувањето во позициите на Европскиот парламент и Советот на ЕП. – Сепак, уверени сме дека преговорите ќе продолжат во позитивен дух и двете страни ќе постигнат компромис во разумен рок, додаде тој во име на Европската комисија.

Белгиската европратеничка од либералната група „Обнови ја Европа“ Хилде Воутманс повика да се издвојат повеќе средства за одбраната. – Неопходно е ЕУ да инвестира во својата одбрана во овие тешки моменти, нагласи Вутманс, која е членка на Комитетот за надворешни работи на ЕП, и која изрази загриженост особено за можното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа по претседателските избори во САД. избори на почетокот на следниот месец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.