НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителот и обвинителството си се само погодија со истиот оној куршум со кој заканувачите пукаа на Џабир  

0
By Zoran Ivanov on October 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Па да, зошто да не, еве мало метафорично „препукување“, онакво како што обвинителот проценил и како што обвинителството му прифатило и за куршумот во глава и за метакот во чело за новинарот, за уредникот Џабир Дерала, за неговиот слободарски дух, за неговите катадневни децениски јавни битки за право и правда, битки за едно поинакво македонско општество, за заедница на еднакви луѓе, за почитувани граѓани ама, ама, како и на лагата, некако и уште пократки испаднаа и нозете на обвинителството кое „пресуди“ дека заканите од некој си примитивец потпишан како Александар Антиќ и нему слични спрема Џабир Дерала, закани со „куршум во глава“ и закани со „метак во чело“, да ти биле само некакви новинарски дребулии и, патем, да ја смисли и во службен акт да ја напише оваа генијална формулација, на нашето ажурно обвинителство му требаа цели девет месеци за да констатира дека тоа што на човекот борец разни битанги му се закануваат со куршум во глава и со метак во чело, тоа ти било само обично јавно препукување и тоа, пазете, и куршумот и метакот не се упатени од фелата, од новинар па да има меѓусебни колегијални препукувања, туку од некакви вагабонти кои ниту знаат, ниту разбираат дека метакот и куршумот што би го испукале во Џабир, всушност веќе го испукаа во сите нас, во заедницата, во општеството, во државата и дека, кажано и во оваа една реченица, со одговорот на обвинителството дека тоа утврдило дека заканите биле „новинарско препукување“ практично, со оваа зелена, обвинителот и обвинителството самите на себе си пукнаа во, веќе докажано, нашиот неправеден правосуден систем, во случајов токму тие самите, обвинителот и обвинителството си се само погодија со истиот оној куршум со кој заканувачите пукаа на Џабир.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.