НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога „куршумот кај и да е ќе те стигне“ според ОЈО е „новинарско препукување“

0
By Marija Todorovska on October 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Каква порака ОЈО испраќа со вакво образложение до оние кои им се накрвиле на новинарите што не им се по ќеф? – „Стрелајте слободно другари! Испуканиот куршум не е доказ за убиство. А ако не може да се идентификува од кој пиштол е испукан нема да го земеме во предвид ни под разно“.

Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн.мк

Она кога заканата „куршумот кај и да е ќе те стигне“ според ОЈО е „новинарско препукување без конкретна намера и цел да се упати закана“, или – она кога новинарите се глинени гулаби поставени на ѕидот за отстрел токму од нашиот правосуден систем.

За што конкретно станува збор.

Основно јавно обвинителство по цели девет месеци од пријавата поднесена на 24.01.2024 година, оцени дека заканувачката порака „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“од профилот на извесен „Александар Антиќ“, упатена кон уредникот на Цивил Медиа, новинарот Џабир Дерала, за колумната „Снајперисти со врзани очи“, било, како што стои во одговорот  – „новинарско препукување, без конкретна намера и цел, да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот Дерала“.

Внимавајте добро, за нашето Јавно обвинителство „куршумот кај и да е ќе те стигне“, не е конкретна закана.

Обвинителството понатаму вели дека не можело да ја лоцира точната ИП адреса од каде што е испратен коментарот и обвинителот оценил дека „нема место за јавно обвинителско постапување“.

Цели 9 месеци ревносното ОЈО не можело да лоцира ИП адреса, драги мои.

Ако ова значи дека обвинителството не можело да го идентификува лицето што ја напишало заканата, тогаш како побогу обвинителот заклучил дека извесниот Александар Антиќ е новинар, зошто нели во образложението стои дека е „новинарско препукување“.

Многу интересна е и забелешката „…ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот“.

Како бе јавен обвинителе „особено не аворот на текстот“?

Што требало да напише заканувачот? – „Ти Џабир Дерала со ЕМБД 000001999100 место на живеење ул. Датибамиобвинителствоисудскисистем бр. 007, роден на тој датум… Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“. Така ли требало А. Антиќ да напише за да не биде „особено не авторот на текстот“?!

Олку дупки во десет реда јавно-обвинителско образложение, речиси невозможно е да се напишат, но ете нашето ОЈО ревносно го демантира невозможното

Погледнете го документот потпишан од јавниот обвинител Анел Фидоски:

Одговорот на ОЈО кој пристигна девет месеци по пријавата

Каква порака ОЈО испраќа со вакво образложение до оние кои им се накрвиле на новинарите што не им се по ќеф? – „Стрелајте слободно другари! Испуканиот куршум не е доказ за убиство. А ако не може да се идентификува од кој пиштол е испукан нема да го земеме во предвид ни под разно“.

Каква пак порака испраќа молкот на новинарските здруженија: ЗНМ, ССНМ… на вакви скандалозни одлуки против истакнати новинари, уредници, колумнисти…. е една сосема друга мачна тема.

Ајт…!

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.