НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОРИДОР 8: Петте најголеми лаги на премиерот

0
By Marija Todorovska on October 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој текст е извадок од анализата ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА МОРА ДА СЕ ГРАДИ: Европа дувна во перонското свирче! од Љубомир Костовски, специјално за ЦивилМедиа

Љубомир Костовски / ЦивилМедиа.мк

Актуелната влада – ако во нешто се разликува од онаа на Груевски – настојува по секоја цена да се ослободи од обврската со која е поврзана низ пари дадени како наменски заеми (па донации) пред сѐ, од ЕУ за Коридорот 8. Притоа се служи со низа невистини.

ПРВАТА ЛАГА е во тврдењето на двојката Мицковски – Николовски дека пругата завршува во некаков имагинарен ѕид и дека Бугарите за возврат не направиле ништо!

Пред сѐ, нашите партнери дури после 1940 година ја изградиле пругата кон Ѓуешево од Софија (во должина од 139 километри) и ископале 30 тунели и не довршиле само еден дел од граничниот тунел. Мотивите за тој напор се една работа, но изградените километри се друга и непобитна вистина.

„Општо земено, тој проект за железничка линија во голема мера покажува какви се бугарско-македонските односи“, констатира историчарот Ангел Џонев во прилогот емитуван во октомври 2017 година како дел од серијата репортажи за дамнешната идеја за поврзување на Скопје и Софија со директна железничка врска.

Во разговорите што ги имав со поранешниот секторски директор на МЖ Љубо Танеловски, која имаше интензивни средби со бугарската страна околу целиот проект, тој дури ми рече дека македонската страна, по свои наоди и аргументи предложила должината на пругата да се скуси по три километри од обете страни со копање нов тунел, со убеденост дека тој ќе биде постабилен и дека ќе ги намали трошоците заради новата должина на трасата. Впрочем, ЕУ ѝ дава пари и на Бугарија затоа што и таму има работа во наредните години.

Унијата, за финансирање на бугарските пруги дава 1,6 милијарди евра во тотал, а тука влегуваат и пари за изградба и рехабилитација на железничката пруга што од тунелот кај Ѓуешево на македонско-бугарската граница оди кон Ќустендил, Перник и Радомир сѐ до Софија. Таа сума би изнесувала околу 200 милиони евра.

ВТОРАТА ЛАГА е дека тие пари наменети за пругата кон Бугарија можат да се пренаменат! Би оделе кон модернизација на пругата Табановце – Гевгелија, значи одново кон релацијата север-југ.

Во 2019, Николо Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје најави можно губење на парите. „Ние дадовме 70 милиони евра преку ИПА за да се комплетира железничката пруга од Скопје до Бугарија. И ова уште не е имплементирано. Згора на тоа, дадовме уште 60 милиони евра за истата пруга да продолжи, но оваа програма не напредува како што треба. Ние ризикуваме многу, да ги изгубиме овие фондови доколку нема напредок до крајот на проектот“, рече Бертолини.

И тогашниот премиер на Бугарија, Борисов, неколку пати нагласи дека и тој притискал во Брисел за да има пари за коридорот осум, за што стана збор на средбата со Заев во Струмица, кога се повтори дека се обезбедени средства од во висина од 580 милиони евра, од кои 65 милиони евра се од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, 60 милиони од ИПА 2 програмата, како и од кредити од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициски банка.

Она што е фасцинантно е дека еден министер се согласил да се прави недоветен и да не знае што се тоа наменски средства и што се тоа потпишани договори со јасни облигации! Згора, што се работи за министер кој се наоѓа во ресор каде инвестициите, пред сѐ странски, си имаат карактеристики што би биле јасни и на мало дете.

Просто се работи за процес на поништување на сѐ што е направено со инвестициите во претходните периоди, а каде што некој од оваа партија  немал конкретен пристап во определувањето на условите за градба во сите сегменти – проекти, изведувачи, кредитори…

ТРЕТАТА ЛАГА е дека на премиерот и министерот им бил понуден поткуп! Дали е тоа можно? Имено, ова не е проект кој се прави со кинески пари, туку е со европски – тука контролата ќе биде ригорозна.

Затоа и дел од моќниците во земјава упорно сакаат да се завртиме кон недефинираните меѓународни асоцијации како БРИКС каде кинеските интереси се без контролни пречки, а се засновуваат и на подмитување. Имено, ако во толку причини што се наведоа за откажување од проектот со пругата кон Ѓуешево во еден миг се наѕре корупцијата како причина, тоа лесно се надминува. Чесноста на проектот може да се обезбеди со некои нови, додатни контролни механизми што Унијата секако би ги прифатила.

ЧЕТВРТАТА ЛАГА е дека Албанија не се притиска за изградба на пруга кон Македонија. Јас имав проспект во рацете на кој се пропагира излет со воз од Тирана до Подградец. И во разговор со службеници на МЖ ми е потврдено дека албанската страна има пруга до Ќафасан, на границата со Македонија. Една италијанска стручна екипа која дошла во обиколка на пругите во тој дел од идниот Коридор 8 констатирала дека пругата од Елбасан до Ќафасан треба да се рехабилитира (не може да се користи со современи и брзи превозни средства) за што секако е неопходна инвестиција, ама истата би била лесно добиена. Едно е кога се гради пруга од нула, а друго кога пругата треба да се рехабилитира.

Но јасно е дека нема простор да се тврди дека пруга во Албанија нема.

ПЕТТАТА ЛАГА се состои во тврдењето дека проектот е прескап, небаре сме направиле нов проект. Имено, не може сега да се говори за ова, освен ако во меѓувреме не дошло до поскапување на одредени влезни сегменти кои не смеат да бидат пречка.

Проектот го поскапи самото одложувањата во градбата. Најпрво убеденоста на премиерот Црвенковски дека просто веќе започната градба треба да се напушти и да се бара некаков друг „спектакл“ во мигот кога се ближеа изборите во 1998 година. Владата Георгиевски-Тупурковски просто немаше доволен и конкретен интерес за оваа делница и покрај хипотетичките симпатии на едниот фактор во власта за посилни релации меѓу Скопје и Софија.

Можеби честите посети на вториот фактор на ексклузивните хотели на Ситонија покажуваше поинакви генерални ориентири. Доцнењето и незаинтересираноста продолжија и во време на груевизмот кога парите во буџетот се трошеа на комплетна промена на националниот идентитет  (антиквизацијата), а Коридорот 8 почна да се споменува под меѓународен притисок.

Пак да се потсетиме – инфраструктурниот проект почна да се гради во 1993 година, потоа го имаше во програмите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и за овие избори. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше завршување на изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, со што, како што пишуваа „ќе бидат реализирани двете фази од железничкото поврзување со Бугарија“. За ова партијата си даде рок до 2022 година. Во однос на пругата Бељаковце-Крива Паланка-Деве Баир, ВМРО-ДПМНЕ вети дека таа ќе биде изградена до 2024 година. Уделот на одложувањето на изградбата во времето на Заев беше објективно спречено со епидемијата од короната (декември 2019 – 2021) кога огромни средства одеа на справување со неа и она што злото значеше и на економски план. Затоа и опомените и заканите од меѓународниот фактор (Бертолини) престанаа.

Но трошоците за конзервирањето (никогаш непресметани) и каматите на парите што дури и не се повлечени, ревизорите ги проценуваат на 4,6 милиони евра. Впрочем, ако Николовски споменува дека нема проекти (мисли да вработи некого на правење нови!) како ја знае цената на тој проект или само – што се вели во народот – тресе од ракавот?! Неговата партијата ја знаеше цената на изградбата и никогаш не спомена отстапување од проектот „Пруга за Бугарија“ или не даде оценка за евентуалната скапотија. Од каде сега поривот за пишманење од таков обем? Одговорот лежи само во фактот што сега дојде нов тим најнапред во партискиот штаб, а сега и во владата.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.