НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грузија забранува влез на новинари за да известуваат од изборите поради зголеменото руско влијание

0
By Marija Todorovska on October 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претстојните избори во Грузија, како и оние во Молдавија, како две клучни земји од кои Русија сè уште не е подготвена да се откаже од своето политичко и економско влијание, се многу важен тест за руското влијание во постсоветскиот простор и во регионот на Црното Море околу Украина, и како тоа понатаму ќе се одрази на целокупната стабилност во овој регион.

Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк

Русија го подига до максимум нивото на влијание во Грузија пред претстојните парламентарни избори, закажани за 26 октомври, од кои зависи европската иднина на земјата.

Непосредно пред изборите, на 22 октомври, на чешко-британскиот новинар Реј Бејзили, веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Тбилиси со намера професионално да ги покрие претстојните парламентарни избори, му беше забранет влезот во Грузија без објаснување.

Тој во моментов е задржан на аеродромот и треба да биде депортиран за два дена, изјави неговиот партнер за Кијив Индипендент.

Додека Грузијците се упатуваат кон гласачките места на 26 октомври, илјадници луѓе се собраа во Тбилиси минатиот викенд за да демонстрираат поддршка за членството во ЕУ соочени со демократското назадување и пријателската насока на Москва на владејачката партија Грузиски сон.

Бејли, хонорарец од кого Кијив Индипендент се договори да испраќа стории кои ги покриваат изборите во Грузија, напиша на X на 22 октомври дека му бил одбиен влез откако пристигнал со авион без објаснување.

„Денеска во 19:30 ми беше одбиен влез во државата Грузија без образложение или дополнително објаснување, тоа е неприфатливо, дури и локалните гранични сили не знаат зошто не ми беше дозволен влез“, напиша Бејли.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија од формуларот за одбивање влез. Документот не ја објаснува причината, означувајќи ги „Други случаи предвидени со грузиското законодавство“ како основа за одлуката.

Бејли има чешко државјанство.

Партнерката на новинарот, Украинката Марија Каплина, подоцна истиот ден изјави за Кијив Индипендент дека грузиските власти го задржале Бејзили и дека таа изгубила контакт со него.

Каплина стапила во контакт со него дури следниот ден откако на Бејли му било дозволено да телефонира.

„Сегашната ситуација е дека Реј се уште е на аеродромот во Тбилиси. Никој не му објасни зошто го држат таму или зошто го депортираат“, изјави Каплина за Киев Индипендент.

„Ова е тотално незаконско дејство и го држат таму повеќе од 17 часа. Конзулот (чешкиот) и адвокатот сега работат за да можат да влезат во објектот каде што го чуваат. Властите се подготвуваат да го депортираат за два дена“.

Портпаролот на чешкото Министерство за надворешни работи изјави за Кијив Индипендент дека Прага е запознаена со ситуацијата и оти допрела до грузиските власти во врска со случајот.

„Нашиот конзул е во контакт со неговите најблиски (на Бејли), и таа испрати официјална нота до грузиското Министерство за надворешни работи, барајќи информации за неговата моментална локација и причината за неговото приведување и одбивањето да влезе“, рече портпаролот Даниел Дрејк.

Бејли е новинар од Прага, кој исто така нашироко ја покривал војната на Русија против Украина како хонорарен известувач.

Бејли претходно известуваше за протестите во Тбилиси кои избувнаа пролетта поради усвојувањето на законот за „странски агенти“ од страна на владејачката партија Грузиски сон.

Законот, кој се споредува со сличен закон во Русија, беше насочен кон невладините и медиумските организации кои добиваат средства од странство. Неговото усвојување се сметаше за сигнал за демократското назадување и влошување на слободата на медиумите под власта на проруската партија Грузиски сон.

Предходно, на 20 октомври, маршот за поддршка на пристапот во ЕУ „Грузија ја избира Европската унија“ собра десетици илјади Грузијци на Плоштадот на слободата во Тбилиси, неколку дена пред претстојните парламентарни избори.

Претседателката Саломе Зурабичвили, гласен противник на владејачката партија Грузиски сон, учествуваше на митингот, повикувајќи ги демонстрантите да гласаат за проевропските партии за време на изборите. Зурабичвили рече дека протестот „покажува дека Грузија веќе победила и дека ќе се реинтегрира во Европа“.

Грузија доби статус на кандидат за ЕУ ​​заедно со Украина во декември 2023 година. Иако прашањата околу кандидатурата на Грузија продолжуваат да се вртат додека владејачката партија Грузиски сон продолжува да ги обновува односите со Русија.

На 14 септември, де факто лидерот на владејачката партија Грузиски сон, олигархот Биџина Иванишвили, како дел од поголемиот тренд на неговата партија за зближување со Русија изјави дека Грузија треба да се „извини“ за руската војна против земјата во 2008 година.

Треба да се има на ум дека Јужна Осетија и Абхазија беа преземени од Русија од Грузија, на начин сличен на ситуацијата во Украина, при што значителен број поединци кои зборуваат руски мигрираа во овие региони, добивајќи финансиска поддршка преку олигарсите на Путин понатаму ги овозможија декларациите за верност на регионите кон Русија.

Претстојните избори во Грузија, како и оние во Молдавија, како две клучни земји од кои Русија сè уште не е подготвена да се откаже од своето политичко и економско влијание, се многу важен тест за руското влијание во постсоветскиот простор и во регионот на Црното Море околу Украина, и како тоа понатаму ќе се одрази на целокупната стабилност во овој регион.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.