Во колку таа во изборната кампања за претседателка на земјата пржеше компирчиња и од некое шалтерче во фишек ги подаваше на избирачите, денешното помилувањето на криминалците, немаше да предизвика толку бурни реакции!
Јасмина Поповска
На овој ден, ден на националната борба на македонскиот народ и ден кој е прогласен за државен празник, претседателката Гордана Силјановска го стави својот потпис за помилување на криминалци за кои и самата изјавува дека се интересни луѓе во грда смисла на зборот!
Тоа значи прилично лоши луѓе!
Во исто време ни порачува да ја чуваме сувереноста на државата која никој не ни ја дал истакнувајќи
дека таа е извојувана со крв!
Со оваа нејзина изјава се сложувам, но за да не биде вербална орнаментика, очекував дека би требало како суверен да го стави потписот за помилување на затворениците за случувањата од 27 април!
Такви беа нејзините ветувања во предизборието како и низа други железни ветувања пред граѓаните на Македонија!
Во колку таа во изборната кампања за претседателка на земјата пржеше компирчиња и од некое шалтерче во фишек ги подаваше на избирачите, денешното помилувањето на криминалците, немаше да предизвика толку бурни реакции!
Пс
Не се ветува она што не се може да се исполни!
Од Фејзбук ѕидот на авторката