Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови докази дека Русија, Кина и Иран спремаат раскол и конфузија во САД пред и по изборите

0
By Zoran Ivanov on October 24, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2024 20:46

Противници на САД веќе ги засилуваат обидите за создавање раскол и недоверба во американското општество пред и по претседателски избори, се дознава од најновата декласифициран проценка на Управата на директорот на националното разузнавање – ДНИ.

Во неа се прецизира дека некои држави, по сè изгледа, можат да преземат дополнителни мерки за предизвикување насилство поврзано со изборите.

Разузнавачката проценка доаѓа на само две недели пред американските избирачи да одат на гласачките места за избор на нов претседател и да гласаат за низа државни и локални служби.

Странски субјекти – особено Русија, Иран и Кина – сè уште бараат начини да ги продлабочат поделбите, да ги разединат Американците и да ја поткопаат довербата во демократскиот систем на САД, што одговара на нивните интереси, се вели во документот.

Документот дополнително нагласува дека разузнавачките служби „сè повеќе се уверени“ дека Русија презема чекори „за поттикнување насилство“. Исто така, Иран „може да се обиде да предизвика насилство“.

Проблеми можат да се појават по крајот на гласањето. Особена загриженост предизвикува тоа што, очигледно, сè поголемо внимание се насочува кон периодот по затворањето на гласачките места, кога државните и локалните службеници ќе ги бројат гласовите и ќе ги потврдуваат резултатите.

Противниците на САД „веројатно ќе создадат лажни приказни или ќе ја засилат содржината што, според нив, ќе создаде конфузија околу изборите, како на пример, објавување лажни изјави за изборни нерегуларности“, изјави претходно службеник на американската разузнавачка служба кој ги брифираше новинарите засновано на анонимност за да дискутира подетално за разузнавачката проценка на овие закани.

Според службеното лице, Русија, Иран и Кина, „откривајќи прозорец на ранливост, ќе почнат да промовираат дезинформации или да поттикнуваат и засилуваат протести и закани“, почнувајќи од моментот на затворање на гласачките места па сè до 6 јануари, кога резултатите од претседателските избори ќе бидат потврдени на заедничката седница на Конгресот.

Според разузнавачите, Русија работи на зголемување на шансите за избор на поранешниот претседател и сегашен републикански кандидат Доналд Трамп, додека Иран се обидува да го спречи неговиот реизбор и наместо тоа ја поддржува кампањата на потпретседателката Камала Харис, кандидатка за претседател од Демократската партија.

Претставниците на американската разузнавачка заедница истакнуваат дека Кина досега не се вмешала во претседателската трка, фокусирајќи ги своите напори на кандидатите за во Конгресот, како и на државните и локалните власти кои, според нив, промовираат политики што се штетни за интересите на Пекинг, вклучувајќи ги и оние кои изразуваат поддршка за Тајван.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.