Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој често изразува пријателски односи со Тбилиси, беше меѓу првите што му честиташе на „Грузиски сон“ за изборната победа и го најави своето доаѓање во Грузија во наредните денови.
Грузискиот премиер и член на владејачката партија Грузиски сон, Иракли Кобахидзе, прогласи моќна изборна победа отфрлајќи ги обвинувањата за измама и насилство во изборниот процес.
Официјалните резултати покажуваат дека партијата „Грузискиот сон“ обезбеди мнозинство со 54 отсто од гласовите, и покрај излезните анкети на опозициските Тв канали кои укажуваат на победа на опозициските партии.