Фејсбук-страницата на компанијата „Јулија“, која се занимава со превод и консултации, а од која потекнува сертификатот за познавање на англиски јазик кој го приложил новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, од утрово е избришана на социјалната мрежа. Никој не крева ниту на телефонскиот број, објави ТвТелма.