Ерван Фуере: Лично сметам дека Европска Унија ја третираше Северна Македонија многу неправедно, со сите пречки што беа поставени од поединечни земји членки, кои ја злоупотребуваат својата моќ на вето. По Грција, сега е Бугарија и тоа е жално, бидејќи тоа не ги почитува критериумите поставени од Европска Унија. Би се надевал, а и сè уште се надевам, дека како знак на реципроцитет во замена за внесувањето на амандманот во Уставот, со кој се признава постоењето на бугарско малцинство во земјата, Бугарија треба да ги почитува сите одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур со кои се признава постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Ова би било минимум што би се очекувало од Бугарија, која е земја членка на Европска Унија од 2007 година, изјави Фуере во ексклузивното интервју за ЦивилМедиа. Линк