Израелските аналитичари наведуваат дека во моментов палестинскиот Хамас држи живи 51 заложник, а останатите се мртви, иако тоа не е официјално соопштено, објави денеска весникот „Израел денес“.
Пред два месеца, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на брифингот на парламентарната комисија рече дека половина од заложниците се живи.
Тоа значи дека 50-те израелски заложници во Газа веќе не се живи, иако 37 од нив досега официјално се прогласени за мртви и велат дека нивните тела ги држи Хамас. Според израелските медиуми, се проценува дека има уште најмалку 13 мртви.